а (сврз.) - веднаш (прил.)

Да, но првото стои в место, второто штотуку почнува, а веднаш го следи треска што ме држи легнат в кревет.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затвори добро зад себе, зашто тоа му беше сѐ, што му остануваше, а веднаш потоа отиде кон своето легало.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш нешто му просени во погледот, но тој веќе не можеше да биде сигурен дали тоа беа тие, или пак само една игра на снежната ткаеница, а веднаш потоа не беше сигурен ни дека постоело некакво просенување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или: „Колку е можно грешката да прерасне во грев кога намерно ќе ја сториме!?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да ми порачува: "Ако не си способен да си ги остворуваш замислите, тогаш не си способен ни да живееш!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели, мегаломанска порака: истовремено насрчува но и обескуражува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
" Сега веќе речи си сум сигурен дека сум буден.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бегав, бегав, бегав, на вратот го чувствував неговото дишење а истовремено ми приоѓаа во некои чудни видливи но безгласни глупостите смислени само за да ме измачуваат, како на пример: „А не знаеш, нели, кој ден сме денес?!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или: „Човекот дали смее да е скаран со времето!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А веднаш потоа онаа слика со Кошевскиот шумар за кого велат дека е најстрогиот државен службеник во планината над Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како и порано гледав како ме пристигнува на Слатинските ливади, а веднаш потоа ќе почувствував како ме поткренува од земјата откако ќе ми го фати вратот помеѓу палецот и дланката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи колкаво рачиште има, ќе си речев! (Сето ова ми се случуваше пред да ги отворам очите и пред да сфатам дека сè уште сум долу во најцрната темница). Бегав, лудо бегав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Лидија ме вика Зоран, - рече и се насмеа, а веднаш потоа праша: - Зошто ме гледате така?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ќе ми дојде некого да го бацам в чело а веднаш потоа ќе ми дојде да го плукнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)