а (сврз.) - многу (прил.)

- Тоа дете, имаше многу лоша среќа, мајка му почина таму во Австралија ... едвај успеав да го донесам овде, колку-толку, да му обезбедам дом и некаква грижа ... потоа доживеа сообраќајна несреќа и го загуби едното око ... и таа е балерина сега, во средното балетско училиште ... но немаме никакви средства за да напредува во училиштето, а многу е талентирана ... огромна штета би било...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А многу стар ни е автобусот, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ќе попрашувам по луѓето, велам, ќе попрашувам по пазарите, по анџиите. ״Најтешко ни е нешто да почнеме“, велеше Лазор Ночески, ״а многу полесно да го завршиме“ , му велам и влегувам во една од собите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А многу убаво и го тропаше тој ѓаволски барабан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не можеме да се разбереме, а многу голема ни е желбата да влеземе во куќата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А многу луѓе не заминаа во Долнец и заради немањето асолен пат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јаболкничето се ниша, ме гледа со окцата, како да ми се лути. А многу убави јаболка раѓаше, мискојна мирисаа јаболката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А многу си ја поганеа устата Србите, многу пцуеја. И за арно и за лошо пцуеја. Не знаеш кај да ги најдеш. Дури ги научивме, само се тепавме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)