а (сврз.) - наутро (прил.)

Јас не бев, бидејќи бев во Лион.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тогаш мора ноќе да си ги намачка рапавите раце со вазелин, а наутро мора на врвовите на прстите да си залепи фластер за да може да продолжи да работи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пеевме тогаш, Мама Хуанита, Куку-руку кууууу Паломаааа, цела ноќ пеевме а наутро ги сркавме првите чорби во Букет и Победа и ги учевме првите уроци по брзо растење и пиење на вересија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Жена - не девојка - туку жена која ќе му роди дечиња и навечер ќе му вели „добра ноќ“, а наутро ќе го буди со топол мирислив чај од јагоди, со многу шеќер во него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)