ако (сврз.) - дознае (гл.)

Ако дознаете нешто за Чанга и за козите, веднаш јавете во најблиската милиционерска станица...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како вчера да беше, позади зелената трафика кај „Работнички дом“, го пропуштав првиот, па вториот, третиот автобус, додека мајка ми дома на ходник со будилникот в рака ме чекаше броејќи ги минутите... од 21 часот па натаму, со истата реплика: „Само ако дознае татко ти, тешко тебе!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)