ако (сврз.) - каже (гл.)

Ако прашаш треба и да кажеш, а ако кажеш сите те пцујат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако кажиш кои се тие пезевенци, нека платат тие со главата свој, зошто да одит твојот глава за туѓ олеле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па иако бесам тебе денески, пријателски ќе бесам јас, — удри и на шега Арслан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ме мачи несоницата, вели Мирче и ме мачи... не е за кажување, вели. - Ако кажеш може не ќе те мачи, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, сега, дали се викаше С'лп или Сопот, да не те излажам ако кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што ни требаше да тргнеме да ги бараме велосипедите, проклети да се, се прекорував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби дури и брат ми го пратиле да нѐ побара на Млечен (така ние накусо го нарекуваме просторот околу Млечниот ресторан каде што лете се собираме ние децата од околните улици), па ако се вратил и ако кажал дека таму никој не нѐ видел попладнево, ќе биде голема паника.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И како што сум се наведнала еднаш така, од многу тежина беше сум... како да го кажам тоа, устата ќе ми се пострупи ако кажам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)