ако (сврз.) - тие (зам.)

- Ако тие станат пленици, вели Илија, ние ќе им се предадеме на Бугарите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако тие потребности на поданиците не се зачуваат и ако Турција продолжува да биде неискрена во прилагањето на реформите, тогаш од тоа ќе: настрада најмногу пак таа: 1/ таа ќе биде принудена со сила да воведе некои реформи, 2/ ако и потоа населението не биде оградено во национално-религиозен и економски однос, тогаш тоа ќе го искористат непријателите на Турција да направат брканица во Македонија за да ловат риба во матна вода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако сега нашите противници го допуштаат образувањето на помали етнографски целини од поголема, како последица на историска неопходност, и ако тие досега гледале на Македонците како на Бугари, тогаш зошто сега тие не можат и не сакаат да го допуштат образувањето од таа голема етнографска целина што ја викале сите, па и тие, бугарски народ, две помалечки целини – бугарска и македонска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имаше некоја тага во купувањето по супермаркетите, во тоа отсуство на духот сред купиштата материја, кое додуша понекогаш е неопходно за и најдуховниот да се сосредоточи на неговите практични потреби, дури и ако тие за него завршуваат кај млекото и лебот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дали имав халуцинации? Ако тие се перцепција во недостиг на стимулус, тоа можеше да се потврди.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)