ако (сврз.) - и (сврз.)

Ми се крши ко суво стаклено цвеќе во раце, под нозе, на срце во мозокот ми удира ме заклучува ко да сум казнета со катанец, од надвор правам сѐ да ме нема можеби така ќе се спасам ќе фатам џенем некаде усвет, некаде кајшто никој не ме знае и нема да му падне на памет да ме оспорува оти такви работи не им паѓаат на ум на нормални луѓе ама овде сѐ е можно овде ние не сме ние светот е превртен наопаку ние газиме по шилци ако нив ги промашиме ќе нагазиме на мина ако неа ја промашиме ќе се фатиме во стапица ако и стапицата ја промашиме ќе удри гром ако и громот нѐ промаши ќе се изедеме еден со друг.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ами сега колку лажовни ќе излезат тие уверувања и на македонските комитети и на Бугарија, ако и едните и другите, од пасивен однос кон едно ново течење што бара „Македонија за Македонците”, а не за Бугарите, или од иронизирање со него, стапат во борба со него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Убаво ќе беше ако и на туризмот му се дадеше поодредено место, зашто овде, во Белгија и во соседна Франција, постои големо интересирање за летување на нашиот Јадран.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени – по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции – не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако и има ограничувања, тие ограничувања треба да бидат разумни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се плашам од неможноста да ги разлачам, ако и самиот личам на нив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)