ама (сврз.) - што (зам.)

Ама што е сега мојава работа? Гледам, а не гледам. Закопан сум, а не сум мртов.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама што ќе правиш: ти ги фатил камен нозете и не можеш ни угоре, ни удолу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во плевната растуривме малку слама и фрливме едно старо ложниче одозгора. И тука легнав, се расчепатив, со проштение. Студи, ама што ќе правиш: си се нашол.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како на кучка ми излегол јазикот, ама што ќе правиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Знам, вели Јоше Свирачот, ама што ќе стане со гајдата, и што ќе стане со мене без неа, вели, и ги трие очите со дланките. Се брише опакурака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама што ќе правиш: понекогаш сакаш и лагата да е вистина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама што ќе биде, ако остане вака?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)