ами (сврз.) - ти (зам.)

- Мори, жено, ти си Велика, ми вели, или не си? - Мори, јас сум, ѝ велам, ами ти, не си ти, Стојна?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ете, ода, работа,“ сака куќа да гледам — одговори Тодор и запраша: — Ами ти каде вака со другарите? Шо волку доцна?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами Ти, сѐ уште си невина рожба човекова создадена за да бидеш вечен и да паметиш бидејќи тој е минлив; ти сѐ уште си невино детенце кое не ги распознава дури ни буквите, не знае ништо за зборовите, не чита песни - Ти, едноставно си - Бог!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Стојо му вели на Трајка. — Море, брату, Илко вчера остана вдовец и ете, се прави мукает, ќе кандиса некоа сиромашка, ами ти, бре брат, оти ич мукает не се чиниш?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)