ами (сврз.) - што (зам.)

– „Ете ми трага од луѓе, си рекол сам со себе Силјан; арно, ами што знам што луѓе ќе бидат?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тие ни велеа дека сме биле ние христијани, а ние тврдевме: А бре брате, христијани сме, ами што сме!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Е за тоа, вели Маса Ќулумоска, лесен му е лекот за тоа, вели. - Ами што, прашувам јас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Оф, кај се вратив и со кого се ставив, вели Јон, се купува ли заслуга, капавицо една! - Капавица, ами што сум, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)