ами (сврз.) - со (предл.)

Таа го турна не со рацете ами со очите да седне, па седна и самата спроти него, прекрстувајќи ги долгите нозе и исполнувајќи го седиштето на столот, како и без него да била со ниет тоа да го направи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во сандачето (тоа беше куферче) бенге зела од кај браќа си дветри кила компири, и кога ѝ кажа на Митра дека таа ќе го зготви петелот, ни со бонгур ни со ориз, ами со компири, оваа зина од чудо и за малку што не извикна: „Да е видел господ, кокошка со компири ќе ми готви ваа орјатка! Шо ни се чуло, ни се видело!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но видовме оти онде имаме работа не со едно, ами со цели 4 имиња, коишто означуваат дека до пред неколку години немало точно определено народно самосознание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто нашиот учител Константин вели: Човек што се прејал мед, не се лечи со мед, ами со горко...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ами со шо, мила невесто, се готви кокошка? Ја со бонгур во грнето, ја со бел ориз на тепциата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка му, исто така сериозна и уште повеќе надмена, која како невеста си ја донела секогаш заклучената касела (од која кога ќе ѝ се подигнеше капакот избиваше еден стар и тежок здив на нафталин) и по сите килими во куќата не оставаше да се стапне со чевол, ами со чисти чорапи на измиени нозе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со него учеа заедно основно српско училиште, бугарска прогимназија во војната, а по ослободувањето тој се изгуби во некое средно - техничко или стручно - занаетчиско училиште, додека повеќе не го делеа мегданот на граничната полјанка меѓу двете маала, зашто и така веќе не се играше со парталава топка ами со напумпан фудбал и не се трчаше по ретката трева бос ами со износени кондури од постарите, кое браќа, кое татковци, кое заробеници кое борци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но тоа народно име не си го измислува народот сам за себе, ами со него го вика соседниот народ и тој од него си го зема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)