бидејќи (сврз.) - забележи (гл.)

Приоѓаше кон нас иако беше сосредоточена околу совладувањата на патеката што секој момент се губеше помеѓу паметниците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како што зачекорив внатре, чевлите ми пропаднаа во пуфчестите јазли и застанав закопан во место, бидејќи забележав дека само јас сум влезен во куќата, а тетка Олга ги соблекува своите чевли надвор, на килимчето пред вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Последнава забелешка, со сите откачени асоцијации што таа ги содржеше, ја придодадов бидејќи забележав како приоѓа Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Легнав на подот и се обидов да направам неколку стомачни - но притисокот во стомакот ми беше толку голем, што при секое исправување од подот ми се заматуваше во главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)