бидејќи (сврз.) - истакне (гл.)

Во одговорот Тито исто така бил дециден но и неискрен, бидејќи истакнал дека идејата за федерација меѓу Југославија и Бугарија или со некои други држави не е интерес на Југославија и дека немал никаква намера да припои територии од Бугарија кон федерална Македонија пред одржување на мировната конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но Меклин, како искусен политичар, од разговорот со Тито сфатил дека сите прашања во однос на федерацијата биле решени меѓу Москва и Тито и дека само се подготвува јавното мислење за прифаќање на промените.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)