бидејќи (сврз.) - те (зам.)

Токо, бидејќи те знам и ме знајш, ајде да се правиме дружина, да се обидиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако ти не се бореше не знам тогаш кој, на сите им беше пример, дури луѓето понекогаш како да не веруваа дека ти си болен од рак, бидејќи те гледаа како нормално функционираш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Зашто, во моментот кога се прошетуваш по долна облека, тој едноставно ја губи смелоста да ти пријде бидејќи те набљудува со крајот од окото, а во тој поглед се чита желбата како стопена топка од сладолед... и страв.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Во Холандија поголем број луѓе сакаат да земаат МDМА, чиешто дејство трае два пати подолго и е со повеќе степени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но тоа варира од место во место: на пример, во Германија не сакаат МDМА бидејќи те изнемоштува, вниманието попушта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Да не си забележал дека некој од островјаните почнал да ве избегнува?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Брзам бидејќи те знам од школски денови, Лука”, му одврати тивко Елеазар, рабинот на едната од двете градски синагоги.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Па бидејќи те видов кога сношти во бифето, - продолжи Грдан охрабрен, - како си одиш со делото во чантата, си реков....
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нема да се случи, бидејќи те назначувам за своја патувачка амбасадорка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)