бидејќи (сврз.) - друг (прид.)

Му правеше задоволство на новиот поп да го гледа сина си пред него и да му бара чаре за здравјето, бидејќи други машки деца немаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, ако Сиоран не е најголемиот актуелен француски писател, бидејќи другите ми изгледаат поголеми според романите, драмите или есеите, тој несомнено е најголемиот француски прозаист.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Милан го осудуваше Јована за предавство, овој Милана за кукавичлак што избега во Бугарија и го остави него на цедило, и на крајот на краиштата и Милан виде дека Јован си имал право донекаде што се предал, бидејќи друга глава немало во торбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сѐ беше подредено на проблемот на желудникот... зарем не, на тоа се сеќавам, на едно нешто: само еден излог навечер беше осветлен со гас, затоа што во другиот немаше ништо, само едниот од двата излози беше осветлен, бидејќи другиот беше празен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа ѝ осигурува на масата подолготрајна предност, бидејќи другите веруваат дека таа е отуѓена и таа ги пушта да веруваат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)