бидејќи (сврз.) - ист (прид.)

Ова исто така може да се примени и на новите модели за користење на земјата, како на пример трговските центри, забавните паркови и големите станбени комплекси, универзитетите, болниците и корпорациите кои ги замаглуваат границите меѓу јавното и приватното.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На тој начин, музиката може да добие во интерпретативен поглед, бидејќи истата композиција никогаш не се свири на идентичен начин.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За контекстот на целата ситуација, се чини битно е да се спомене податокот дека телефонскиот број на Авдиќ и неговата нова адреса на живеење им беа познати на фабричкото раководство бидејќи истите беа уредно пријавени во правната служба, но – според неговите зборови – очигледно е дека нивната единствена цел била да го отпуштат од работа, и тоа заради неговата блискост до „гарнитурата“ на претходниот директор кој, пак, беше од друга политичка партија, иако Авдиќ не е член на ниту една партија. 102
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Апсолутната големина на јавниот физички простор се намалува, бидејќи истиот постојано го заземаат приватните претприемачи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)