да (сврз.) - бев (гл.)

Барем да беше јарец... Не, не, ни, јарец, што зборувам.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да беше кај нас тој, ние кај и да сме ќе мислевме и ќе работевме само за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најде еден недоучен, од Бапчор ќе да беше, кој се нафати нов јазик да твори со лепенки од рускиот и најмногу од бугарскиот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оттаму и мојата додатна согласност на погребот да присуствуа секој што ќе пројави желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Г-ѓа Парсонс гледаше беспомошно. „Се разбира, да беше Том дома тој ќе го средеше за час“, рече таа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А како да беше некој друг...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Црната зеница беше без сјај како да беше обвиткана со магла. Од тие очи излегуваа бистри солзи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рамнина легната на четири статични нозе (да беа тркала ќе можеше да се вози).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Сето тоа, колку и да беше катадневно, на Јана ѝ изгледаше како еден необичен свет од првпат отворена книга.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А погледот им остануваше постојано заталкан и на самата граница на изгубеноста во тоа разресено и ниско стежнато небо, кое изгледаше исто како над шумата да беше налегнат некој со години нестриган овен со своето руно, под кое беше исто онака топло и заглушно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше синозелен мраз во неговата длабочина, беше искадравен во дебелите столбови мранзули, полеани и плиснати надолу, како замрзнувањето да беше фатило и скаменило само еден миг од разиграноста на палавиот поток, со сета негова боја, со сиот негов немир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Проклет да бидам, како сѐ да беше против Трифун Трифуноски, туку ќе се расипеше времето околу празникот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А сепак, каков-таков, човекот ѝ бил домаќин и маж".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да беше останат насамо со неа пред половина од годините што ги имаше денес, Боге веројатно ќе беше збунет како средношколец пред матурантка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Туку, како беше да беше, Ѓоле измисли еден поздрав: сечење на воздухот со рака хоризонтално и силно извикување: „Здраво, муцкала".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Море луѓе, за маки сме родени! Да беше така —не ќе беше вака!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ма дај, да бев јас сите и ќе поверуваа. Но, ти?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И се случи. Миракулата. Отец Кирил извади од под ризата тринаесет мали листови од книга, и на сите исто беше нацртано: две нешта што првпат ги видеа очите наши, оти не постојат никаде на светот сочинет од Седржителот; како од друг свет да беа дојдени, измислени сосем.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ете, и сам слушна оти ваа година бериќетот е слаб, не се роди, та да беше како од годините и шестотини да ти дадеме, токо не собираме, та ќе се страмиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Црквата, иако со безброј свеќи по шанданите и со гроздови сијалици спуштени од кубето надолу со блескотна светлост во нив, како да беше обвиена со самрак, веројатно поради чадот од свеќите и темјанот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Самодоволството би ме фасцинирало да бев во раните дваесетти кога ми изгледаше важно и премногу високо на овој начин да се размислува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Како сѐ да беше завршено и како бунарот на неговата предвидливост да беше секнал засекогаш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да бевме во ѓуле, само да бевме во ѓуле. Во кртична дупка. Ах, ти црна иронија!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога еден поасолен нов сонувач Од Чешка ли од Полска ли ќе да беше Апла им плесна в лице Дека од старите соништа со петокраки Полоши се само новите противсоништа
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Постојано сакаше да биде во движење, да подработува нешто или да шета или да ги движи мислите со мудрости што ги имаше донесено со себе од светот; и пиеше само вода што се движи; никогаш не пиеше вода што стои: од бунар, од вир, од локва и колку таа да беше чиста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Да беше жив, прв ќе го лустрираа, со досие под име „Паркови и зеленило“, каде фигурираше како „внатрешен контролор“..
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На мое место да беше друг ќе помислеше дека е тоа сениште, та или ќе побегнеше или ќе му ја залепеше секирата на тилот. Јас не.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Отпрво сети како се надигнува во него нешто сосема непознато и непромислено, како да беше едно просто издивнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но и Арафат не можеше да биде исклучен од шемата на кривата на владеењето, колку и да беше нејзиното извишување подолготрајно и понеизвесно во светот, насочено кон својот крај во слободна Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да беше некој друг, ќе те изгореше“, ме испрати пријателчето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дури иако не наполно разбирлив, не барем за сите, и сепак со злокобно значење во себе, како да беше опасно да се држи под јазик, брзо се искплукуваше; секако, сеедно што за некои дојде привлечен и нов, ги присилуваше со магиска закана во себе да бегаат од него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Целата куќа така замириса како да беше градина со расцутени трендафили...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа го криеше знаењето на францускиот јазик од нас, децата, како да беа во некаков антифранцуски сојуз, обајцата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сите како да бевме во некаков свет договор со тишината на старата куќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
50. Сегашниот политички опит да беше бил кај Бугарите понапред, ќе се пристапеше прво кон разделувањето на сферите за влијанието во Македонија меѓу Србите и Бугарите, а после, во време на востанието, српските и бугарските војски ќе навлезеа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Викна Бојко така силно, та дури ехото повтори во долот во Врткова Ливада и се разнесе по целата гора до Кучкин Камен нагоре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Следи ја татковата мудрост! Ја следев со внимание, таа продолжуваше да ми ги кажува пораките, кои како да беа татковите: Ние сине опстанавме како семејство на кое не му се смислува историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Може да беше еден камен што покрена цела лавина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немаше да постои никаков проблем дури и да беше обратно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И самиот како да беше изненаден од лутината на својот глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да беше закован за земјата, зад нас стоеше висок младич, со немарно префрлено палто преку едното рамо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А барем да беше тоа, тогаш ќе имаше изгледи за некаква промена во мислењето, надеж.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се потврди тоа кога логотетот му заповеда на Филозофот да го прочита своето толкување, и кога овој, од збор до збор го преподаде словото како да беше изговорено од устата на Лествичникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сплесканиот профил од стара бакрена пара имаше натечена клепка. Како да беше наполнет со жива.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Рада беше сосема несвесна и неконтролирана; врската меѓу мозокот и дел од сетилата како да беше прекината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да беше жив сега ќе имав внуци многу поголеми од тебе, - заврши таа со рапав и снемоштен глас и седна на работ од креветот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А може да не беше врапче, рече, може да беше душата од Велика Мегленоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никако не му се стануваше, размислуваше за сонот, за гласот или што и да беше веќе тоа, а можеби беше само потсвесна мисла што чувствувала дамнешна потреба да си ги протегне нозете надвор од Ид-от.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сите книги како да беа останати со недооткриени значења во функција на неговиот незавршен ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, најголемиот предизвик да трагам по неговото време и неостварените илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Жената подигна очи и, покажувајќи со рака, се огласи тивко: - Паметам, како да беше денес, навалица од луѓе и стока се спушташе прудолу.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Сомуни да беа десет – ќе ги изедеше, - додаваа други.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Да драга, ти би ја турнала. И јас ќе ја турнев да бев тогаш ваков, каков што сум сега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Една ноќ додека туриваше како да беа распукани небесните мориња, Трајан се искраде до шумичката, се завлечка во неа и се најде отаде границата - на грчка територија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Да бев Грк ќе ме спасевте, вели, вака ми се удвојува вината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Фронтот како да беше поставен спроти свлетлината на хоризонтот; сега ќе треба да мине доста време додека војниците навикнат на темнината; тогаш ќе почнат да го распознаваат бришаниот простор пред себе и ќе го заборават хоризонтот од загледаност во заплашувачките поединости пред нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дури и како да правеше и некои движење за да ѝ стори пат на карпата да помине покрај него!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И сега, во ова вовче кое чиниш го водеше самата судбина, колку и да беше управувано од Татковите мисли, Мајкиното верно око нѐ следеше сите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да беше толку умен не ќе беше врзан, му велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да беше направило седало во нејзината душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ПИЈАТ.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сѐ беше и многу необично а и многу веројатно како да беше напишано на бела хартија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Ајде, вели Уља, ама нешто како да ми се пресени онаму, на падинкана, на голоно. Како човек да беше, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што ме запираше да го сторам тоа? Дали сознанието дека многу од тие случувања само ме допреле и одминале а за нив ќе дознаев откако ќе беа прогласени за недоразјаснети тајни? Или не ќе да беше така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Миклош си го слече палтото, го стутка, и почна со него да го нагрнува робот, како да беше не знам колку студено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Колку и да беше болно, последното напуштање не му го наруши секојдневниот живот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мамо, да знаеш, да бев малку поголем, можеби и ќе се оженев со неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Го кажуваше тоа што би го кажал и тој, само да беше во состојба да си ги среди расфрланите мисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да беше некој од овие разно-разни трговци, занаетчии, уметници и каквити не, - што се туркаат овде секоја вечер, - лесно ќе се справеше, ама оној - којзнае кој е...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Комитетот, со други зборови, бара европските влади да гледаат на работите во Македонија со македонски очи, т.е. со очите на комитетот: а да беше така работата, немаше зошто европските влади да имаат свои агенти во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Не бре“, му велам, „не е важно“. „Треба да беше дванаесет и петнаесет“, вели тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ова радио како да беше споулавено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А таму јасно и нагласено стои дека минатата вечер изјавив оти ќерката на Ѓурчин ја имам видено повеќепати и дека единствената намера што сум можел да ја имам при тие случајни средби веројатно била желбата да ги откријам сличностите помеѓу нас двајцата: помеѓу неа и мене, се разбира, во колку постои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се воздржуваше... колку и да беше силна Партијата и власта, си беа поврзани, роднински, пријателски, кумовски, сватовски и со други односи. Не отстапуваа лесно од овие врски. Јагулче добро го знаеше сето тоа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Наеднаш исчезна, го снема, како да беше дух или некој негов роднина од сништата...“ рече мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако требаше да се убијам од миење чаши, успеав да најдам малку задоволство во музиката, па дури си поигрував како тоа да беше многу лесно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во оваа тврдина како најмногу да беше запретано балканското време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како сега се сеќава на мигот кога првпат го виде; живееше во една куќа на главната улица во која таа често наминуваше. Како вчера да беше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислата великодушно му се напрегна за да ја опфати шемата за целата работна задача, со сите нејзини меѓусебни поврзани операции, а кога целата работа му се лизна од менталната контрола, и сега стоеше загубен, се чувствуваше како да беше разбуден од сон со силен удар по глава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мрднувам со рацете, се пофаќам. Да бев мртов, сигурно не ќе можев ништо да помрднам. И ќе смрдев, ко отепан гавран.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Срипа од столот како да беше буцнат во најболното место.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овие козји суштества, со чија свест како да беше слеан, му покажуваат дека не знаат за безнадежност. Од нив црпеше сили да истрае...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Фаќајќи го, мачорот се превртуваше и се свиткуваше по тревникот заедно со глушецот, постојано држејќи го помеѓу муцката и шепите, како да беше неодмотано клопче преѓа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Најмало дете на своите родители, Томаица беше растена и чувана како капка вода на дланка, како да беше мала принцеза.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога ќе види, што ќе види: мајчиниот топол поглед заменет со мртовечки череп, како оние што ги има на секој трансформатор насекаде низ светот и под кои пишува: внимавај, опасно по живот!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја крена раката во која го држеше јатаганот устремен кон местото од каде што дојде пукотот, но неговото тело, колку да беше крупно и силно, малакса.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Да беше поскромно и пострпливо, немаше да настрада.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зад заѕиданите прозорци се фалсификуваат архивите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
АНЃЕЛЕ Сообраќајка? ДИМИТРИЈА Арно да беше. 80 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Морам да признаам, не можев да ја одредам причината за неговата постапка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зборовите, кои и да беа, можеа само да ја засилат болката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Може и тој да беше некоја изгорена душа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Раиз како да беше вистинскиот дипломат на земјата на животот. Господарот на цвеќињата во картагинската градина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Исто така Македонците можеа да работат и заедно со Грците, да можеа Грците да работат поумно и да беа само Грција и Македонија под Турција околу 50 години, кога сите други балкански земји би биле слободни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Два меки тампона, кои како да беа малку влажни, се залепија за слепоочниците на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- А, што ќар ќе имавме и да беа, ќе беа само утрини.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не спомнав дека со ова што го кажувам застапувам еден свој принцип, инаку да бев искрен ќе го речев уште веднаш она што навистина го мислам, дека не верувам оти тој, што ја одвел ќерка му, ќе се усреќи!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се движев, молчев. Мислев дека зачудено ќе се вртат кон мене дури и ако воздивнам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бугарија да беше водела „самостојна” и „национална” политика, таа не ќе го допуштеше првото и ќе го решеше македонското прашање со поголеми реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А луѓето како да беа пак тука, в село.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да бев сигурна дека е Горачинов може ќе рипнев, ќе се прелажев. Вака ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ги мрдна очните капаци почувствува како да беа вденати во жица со набој, а очните јаболка му беа тешки и тврди како џамлии во очните дупки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како да беше сиот од мали вентили: штукаше и изгледаше дека прска, отфрлувајќи ја главата од собраните раменици. Се знаеше - од него избиваше парфем и лук.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
После што облековте униформи без противење како да бевте тргнати да ја барате српската војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Имаше во нивната судбина некаква горчина поради релативната отфрленост, како да беа за еднократна или двократна употреба, особено дипломатите по клуч кои живеејќи во довчерашниот сјај на високата мисија сега требаше да се провлекуваат со месеци низ лавиринтот на Министерството, да бидат забележани или да се најдат во некоја нова клуч- комбинација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште една паралела со историјата на Србија: да беше Србија незадоволна од својата судбина во државата на Немањиќевците, таа ќе правеше обид да се ослободи и да им се спротивстави ним со стремежот да се присоедини кон Бугарија; но обидот ќе беше направен и ќе доведеше до саканите резултати само ако дозволуваа историските околности; но последниве не го дозволија тоа и Србија се помири со околностите и беше загубена за Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се пробиваше, со својата диплома, низ кревките државни институции во кои сѐ уште преовладуваше инерцијата на отоманскиот менталитет, колку и да беше силен отпорот кон него.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Да беше било така лесно и арно свикувањето на конференција, и сега ќе имавме друг начин за третирање на нашите работи и наместо Европа да ги остави Русија и Австрија да го решаваат нашето прашање – сите европски големи сили ќе сакаа во него да играат еднаква улога.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како да беше на брегот на своето молитвено место, а Езерото, нејзиниот храм на надежта, некаква божја сила во која веруваше само таа дека еден ден ќе ги стаса своите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Да“, вели, „мора да беше дванаесет и петнаесет, зашто во дванаесет и десет...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еј, море, еј, сираку! Да не те фати бељата, та по десет и петнаесет лири се купува една вдовица, само Доста не сака да го голи човекот, та и дваесет и пет да беше рекла ќе ја тепаше главата Илко; од душа, од гуша — ќе ги отбереше Затоа тој кога киниса од дома си зеде осум лири, две франги, петшест бели меџудии и нешто ситна пара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите беа внесени во големиот проект на нивниот учител да ја состават единствената колекција на езерските реликвии, на живите фосили, која како да беше осудена еден ден да исчезне од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во секој случај, колку и да беше светот свртен наопаку, маестрото имаше одговор: - Колонијата има договор општината да ја снабдува со пристојно опстојување, од јагула до јаболко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зашто да беше тоа, ќе се собереа на срецело а не дури ваму, најгоре на Зедница.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се бричеше внимателно зборувајќи ѝ на жена си во бањата, а таа во меѓувреме ги подготвуваше јајцата и шунката или палачин- ките или веќе што и да беше тоа утро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Затоа беше смирен, колку и да беше погубен за сите нас гласот од радиото: – Планот за уништување на козите е разработен и до најмалите подробности, на високо републичко и највисоко федерално ниво.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Идилата, нивната љубовна идила, како да беше совршена глуварка, што се распрснала при најмал допир со надворешниот воздух.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко живееше со илузиите на заминувањето влечејќи ги со себе и Мајка и семејството, но сега како да беше дојдено времето таа самата да си ја провери илузијата на враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се чинеше како да беше вчера, кога тиквичките и краставиците беа нежни ливчиња што ѕиркаа низ кората на земјата за да излезат на сончевата светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бугарија и да водеше „самостојна” и „национална” политика, т.е. да беше орудие на Тројниот сојуз против Русија, пак немаше да направи нешто, зашто сега ги нема тие натегнати односи помеѓу нив што беа при Стамболова.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ели како да беше најсреќна од сите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се чинеше како таа да беше дојдена од некој мистериозен шумски предел за да донесе малку од легендарното богатство во оваа сурова околина од железо и цемент.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ми се стори дека некоја сенка се префрла од едно место на друго кај задниот агол од куќата, но можно е да беше тоа сенка од гранка на вишната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се родија четири деца, три момчиња и едно девојче, а според енергичноста како да беа навистина крилести.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Како да беше пред него кукла во човечки изглед за чие движење беше задолжен во моментот самиот министер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Не“, ќе ми преречеше тој. „Јас најневерувам. Да беше ти тој којшто најневерува, досега ќе се имаше испосрано во црквата“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како да беа правени од иста тајфа мајстори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наближуваше пладне. Селото беше пусто, како чума да беше влегла во него и како да покосила сѐ живо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Да беа нашите, оние што припукаа, белки ќе ни кажеа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Текстот од песната како да беше пишуван за некого, се најде во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој многу сакаше музика и често потпевнуваше за време на претставата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Милан формално беше глава на семејството, патријарх, но Кети беше неоспорно газдарица во куќата. Ѝ се чинеше дека сите предмети се свесни за ова, како да беа задоволни од тоа, па дури на некој начин, одразуваа еден дел од олицетворението на Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само што влезе во вратата почна на глас да плаче, да реди, како тогаш некој да беше умрел.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Десната рака капнато му висеше, како да беше закачена за рамото само со конец.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Има посебна сигнализација за сообраќајот - внимателно ѝ објаснуваше Саво како да беше некој кустос, кој знае да ги објасни сите детали за Петроварадинската Тврдина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да бевме лепрозни! Како да носевме на бродот чума.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нејзиното тело со тоа добиваше некаква посебна привлечност и, да беше еден од оние ’обични’ денови, тоа секако би ѝ го зголемило ноќниот промет.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кандидатот што беше повикан од комисијата излегуваше како да беше целиот посипан со студена вода. Му играа вилиците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Или, гласовине, што не избираа ни час, ни време, дури ни патека само за да допрат до мене биле и нешто друго освен нашепнувања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Двата часот ќе да беше отчукано.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Да“, је вела' ја, сѐ то е млогу уб'о, је вела’“. „Ама да беше ти на мое место, ќе го напраеше истото што го напраив ја.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да беше мајка ќе ми дадеше уплавна вода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко ја насети дилемата на Камилски, на моменти како да беа еден во друг, еден за друг, никако еден без друг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И одеднаш ја повлекува раката, самото движење како да беше зборови кои кажуваа дека навистина има нешто невидливо веќе меѓу нив што зема половина од нивната блискост.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сеќаваше, нишанејќи, како е исполнет до врвот со една таква наостреност, исто како самиот тој да беше она зрно во неговата цевка, што требаше секој миг да полета натаму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да беше жива мајка ѝ сигурно ќе го потврдеше тоа, меѓутоа и самата знае дека Пеличка е чиста нејзина копија освен што е заробен небото од очите на силникот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дефинитивно, ја сфаќаше вистината. Не можеше едниот да го остави, заради другиот, кој и да беше тој еден и кој да беше тој друг. „Дивна е нашата игра,“ ѝ рече еднаш гаменот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да беше козлето во балканските планини, друга ќе му беше судбината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
ВЕРА: Да, знам. Да бев на твоето место, јас одамна ќе се разведев.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како да беше скршено едното крило за лет кон Истанбул.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како карпата да беше тој самиот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Мајка ѝ“, рече Никола, „да беше каква што не беше, кога Гала се замоми, плачејќи и коси корнејќи ќе ја пееше она народната Не крши се како риба низ водата Како змија низ тревата! Не ги гори ергените...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како да беше речено дека не може двапати да се вратите во едно исто минато.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Писмата личеа едно на друго, како да беа напишани во ист ден, а понекогаш како да беа продолжение, 100 и прво,од белградските разговори.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да беше со други, а тоа не ретко му се случило при толкуте ослободувања тежести од душата, сигурно би имало незапирливи караници, судири.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На крај се влечкаше Ване, како последен член на екипата или асистент на асистентот - снимател, постојано префрлајќи го акумулаторот од еден на друг колк, зашто ременот на акумулаторот, колку и да беше широк, му ги жулеше и двете рамена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се воодушевуваше, а сепак беше некако тажен, а јас како да бев рамнодушна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Да бев јас за добро не ќе бев момок со целата фамилија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Колачот како да беше правен од гипс.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XVIII Градот како да беше под окупација поради ненадејната појава на Чанга со козите. Властите и партијата беа првин збунети, но бргу се созедоа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден да беше, па и двајца, ама сите?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Разменуваше малку зборови со мама, прашуваше дали е сѐ во ред со нас децата, со домот, а потоа ќе го земеше „Талмудот“ и, седнувајќи што подалеку од другите, тивко почнуваше да чита на хебрејски, јазикот кој за него беше свет, а кој никој од нас, неговите деца, не го научи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како вчера да беше, позади зелената трафика кај „Работнички дом“, го пропуштав првиот, па вториот, третиот автобус, додека мајка ми дома на ходник со будилникот в рака ме чекаше броејќи ги минутите... од 21 часот па натаму, со истата реплика: „Само ако дознае татко ти, тешко тебе!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Низ раце, меѓу дланки ми поминува глушецот. Не знам. Може да беше лисица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка отсутно, како да беше во судница, ја крена раката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше будна и Мајка, очекувајќи необичниот гостин најпосле да замине и куќата најпосле да западне во ноќен спокоен сон, за која таа како да беше одговорна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во една таква мала цепнатинка во која како да беше сместено и нејзиното двоумење јас ја открив дозволата да постапувам толку слободно што да можам дури и да се предомислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да бев сигурна дека навистина не ми е мајка ќе ја земев со црнците и ќе беше задоволна. Ќе имаше и кур и пари.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа како да беше бројка во семејното мнозинство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некоја далечна сорта. Може од градината на некој крал да беше украдена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нели, дури ни името не му го спомнуваше? Како да беше мртов. Или загинат во Војната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Да беа живи децата, велам, и тие ќе плачеа за кучето, како тоа што плачеше за нив кога ми умреа, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да беше јаничарството историска институција, воена, инструмент на освојување, таа така и ќе завршеше, но јаничарството продолжуваше, како аждер со повеќе глави, кој не можел никогаш да биде уништен, ако му била пресечена една глава, на истото место израснувала друга поголема глава, сепак меѓу нив имаше најмногу јаничари по судбина или по нешто друго загадочно и необјасниво за Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој не им одговараше на закачките, Седеше на своето место и како да беше нем и глув.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Последнава забелешка, со сите откачени асоцијации што таа ги содржеше, ја придодадов бидејќи забележав како приоѓа Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога некое рипче ќе се превртеше, ќе блеснеше на сонцето како да беше сребрено.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
— Му се овргали право в очи, и како на дедот Јована преѓеска што му удри една клоца во слабината, сега и на Бојка му удри една уште посилна меѓу нозе, та, макар да беше силен, млад и јак не помалку од Брниклијата, Бојко се фати за удреното место и се свитка на тревата крај дедот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ги скротнаа воловите, не почнаа да играат комитски игри како секој ден, туку наседнаа на една ледина и заумено молчеа како тие да беа оние што требаше да видат што ќе се прави сега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Можеби тој логор да беше само со поети.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дождот е благодет. Нека наврне, нека... - зборуваше старецот и изгледаше како веќе да не зборува за луѓето, туку за себе, а и како да беше начисто дека тоа што го зборува не допира до нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред да го донесат тука, го беа одвеле на едно друго место, кое мора да беше обичен затвор, или место за привремено притворање што го употребуваа патролите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Срцето на Винстон одново се стегна. Да беше можно, ќе се вовлечеше подлабоко во креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вчудоневидувачки беше фактот дека во селото нема деца па ни помлади луѓе. Селото како да беше на умирање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
КРТОВИЦА: Другар Курта, да бев невина, мојот химен, твој ќе беше!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
61. Да беа го направиле тоа, немаше зошто ние сега да се занимаваме со него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АНЃЕЛЕ: Сообраќајка? ДИМИТРИЈА: Арно да беше. АНЃЕЛЕ: Аман,бре? Пауза. Си паднал?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Но кој можеше да замисли дека оваа војска ќе заврши за неколку години во братоубиствено урнување на земјата (со стотици илјади убиени невини луѓе, со милиони обездомени) која требаше наскоро да ја претставувам и за која како да бевме во еден вид жртвувана патрола.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Седнаа на една клупа, сенките се нишаа по нив како да беа на гранка, од далечината се отимаше писок на задоцнет воз.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- А може не беше пчела, вели некој, може да беше оса или стршен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие очигледно не се шегувале, секој час заплашуваа да се појават, да поскокаат од ѕидот, како тука, на него да беа втиснати нивните неспокојни, болни души.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Речиси исто толку нагло како што си беше замислил, таа ги тргна алиштата од себе, а кога ги отфрли настрана, го стори тоа со истото она прекрасно движење како да беше отфрлена цела една цивилизација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Амбасадорот Антун Лах ми велеше дека е тешко, ама и убаво да се биде амбасадор. Јас како да бев предодреден само за тешкото!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
20. ЈАЗИКОТ КОСКИ НЕМА, НО КОСКИТЕ ГИ КРШИ - така да беше денеска многу ќе имаше и мрши, но, еве, тој е хуман и друга функција врши: му мести коски на светот за утре да ги скрши...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ја пречекале сестрите, но како да беа некои други, а не родени сестри.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ај, тогаш може да беше детинска симпатија; нешто што брзо се врзува и брзо се кине, но што е ова што ми се прави сега? А и Михајло Горачинов...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко во тие моменти, колку и да беше Камилски субјективен и, според него, не во право, не сакаше да го прекине.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со нив ноќта како да беше некоја морничава стонога, која секој миг го притискаше сѐ потесно кон тоа стебло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Може да беше некоја згрутчена светлина од снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа А.А., добро го знаеше, и затоа како да беше артист со две улоги, со двојна личност, при што едната (партиската) ја потиснуваше природната, сопствената.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како да беа сите уморни од претставата. Го присакуваа крајот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како да беше ги потрошил сите зборови додека го кревавме народот на револуција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам, тоа беше првпат да се најдам во ситуација во која знаев дека сум во право а ете, моите аргументи, колку и да беа разумни, колку и да беа исполнети со сите оние додавки што го осмислуваат животот, како што се моралноста, правдољубивоста, коректноста, дружељубието, и многу други, во случајот кога ја играв партијава шах со пријателот Господ Саздов звучеа шупливо, како да се изговорени од исушени лисја паднати одамна на земјата, и тоа изговорени од нив додека биле во состојба на умирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и да беше помалку опасно, сепак ќе беше тешко да се најде време за состаноци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На имагинарното стратегиско шаховско поле на судбината како да беа само двајца противници - Кисинџер и Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Да помагаш и да се молиш за Ганка?“ праша Арсо Арнаутче. „За Ганка, за нивчето, за неколкуте овци.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да беше ден исто така можеше да се види дека сликата е од едно четиринаесетгодишно дете, босо и облечено во измаслени работнички алишта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но тоа нема врска со општиот напредок на земјата (како целата да беше огромен корнишон под стакленик), како што нема врска ни со тоа што на Горда школото не ѝ одеше баш многу (поправо, ни погоре ни подолу од три).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Колку се надеваше, кутриот, дека ти ќе го продолжиш неговото останување! – прифати тивко Мајка. – И тој, да беше жив, сигурно ќе го одобреше нашето заминување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Толку не 'а милуала, што да беше кабил во една капка вода да 'а удаи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Да беше учителот член на партијата, можеби ќе ја добиеше тужбата и подоцна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Искрите кои секогаш беа присутни меѓу нејзе и Рада, наместо да се претворат во оган, сосема исчезнаа. За Рада ова како да беше олеснување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да сакаше да каже нешто со тоа, како да беше тоа нема порака што ѝ го жегна срцето на Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Беше само некаква подлипнатост и од неа дишењето стануваше потешко и носеше болни блажеви во слабините, како местото на здивот во градите да беше зафатено од нешто друго, од тоа чекорењето стануваше сосема тешко.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Проклетство! Птици на небото. Камо да беа мршојадци.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Како музиката да беше некаква течна материја која се разлева по целото негово тело и се меша со сончевата светлина што се цедеше низ лисјето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Без никаква драматичност на која наседнуваа и поистакнатите дипломати!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Источниот фатализам, колку да беше минало многу време од падот на Отоманската Империја, кога беше во прашање власта, не можеше лесно да се искорени.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но сепак, дали навистина се било токму така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колку да им беше непријатно и на нашите учители и на нашите воспитувачи, колку да беа смели луѓе, во духот на времето, прекалени, храбри луѓе, самопрегорни, не можеа толку лесно и на крај да излезат со вошките.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бебињата се даваа под тезга како да беа стока за продавање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А да беше старата питомина во мајкиниот поглед, таа сигурно благо ќе го прекореше оти костумот му е толку искинат и бербатосан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во исто време, Гого се исправи пред проблемот да најде работа - од нешто требаше да се живее; да беше останат сам самјак, ќе се обидеше да преживее како слободен уметник; а вака, со семејство, со жена и дете на пат, не се решаваше на ризикот да зависи само од продажбата на своите слики - тој неафирмиран сликар, неговите слики непознати на јавноста, поимот продажба како мислена именка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неда, невестата му, и сестра му, тие да ја работат куќната работа, а пак Силјан ќеф имаше пазарџибашија да биде; да беше кабил катаден да оди на Прилеп на пазар, да купува вино и ракија и друзи слатки работи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Мојата баба како да беше одраснато сираче, небаре вградена во куќата крај Езерото, како во една поприфатлива и почовечна варијанта отколку во балканските легенди, во кои млади мајки се вградуваа во темелите на видни градби, за да се смилуваат злите и кобни сили да ѝ ја поштедат градбата од мистериозно уривање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А обратно, тој како да беше тогаш посмрштен и полут.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Луѓето беа постојано со лопатите в раце: ги чистеа деноноќно покривите од куќите и плевните, ринеа и правеа патишта деноноќно, но и снегот врнеше деноноќно; како да беше заинатен и скаран господ со луѓето: тие фрлај и расчистувај го снегот - тој фрлај друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие како да беа рамнодушни, што убавата преспанка им го навредува господарот, одбивајќи ги неговите дарови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Србите го поддржуваа да не останат поназад од Бугарите; но да беа српските интереси така врзани со востанието, тогаш Србите стопати ќе ѝ објавеа досега војна на Турција без да чекаат од некаде помош, без да гледаат дали ќе биде излезот за нив благопријатен или не. – Бугарите хранат обездомени Македонци, но истото го прават и Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И сенките во собата како да ми се забуцуваа в месо, како да беа запци на стапици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа препукна во него и тој сега мораше со нив да прави нешто, мораше да ги изгуби за едно извесно време, да ги изработи, да ги измори за да го остават мирен, па колку безмислено и да беше тоа пусто префрлање на камчиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да беше иницијативата во востанието грчка или српска и да знаеја тие народи оти востанието ќе биде така силно, не гледајќи на никакви неблагопријатни прилики, ќе објавеа војна, па макар таа војна да се свршеше со полн пораз нивни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И како и тоа да беше неминовно. Слично со сликата на жената.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Барем да беа трње што убаво ќе ги сеќаваат чекорите на иследникот кој се труди да ме следи!) Но еве, од некаде почна да надоаѓа светлина и да го разголува сеќавањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И вашиот тигар како да беше таму; се чинеше дека оттаму потекнува неговата последна проѕевка! Нели, чудесно сафари!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)