да (сврз.) - беснее (гл.)

Толку многу незаконитости, на едно место собрани, допринесува а еконимијата и социјалата, само стихино да беснеат, како во затворено магнетно поле - каде теоријата на хаосот не само што царуваше, туку и луто беснееше, сиве овие долги години.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А Огнот почна да беснее.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од тоа се добива лошо настроение, си мислам, те тера да маваш, да се лутиш и да беснееш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги приближуваше и ги подготвуваше и најодалечените трупци по ќошковите на таа просторија, ги прибираше пред себе како некое стадо, додека можеше да се оддели од пилата и да ја остави неа да беснее во срцевината на оној, што сега го работеше, а под неговите раце тие и по еден метар дебели трупци ги напуштаа своите места, вкопани во пилотината и почнуваа да се префрлаат еден преку друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)