да (сврз.) - бира (гл.)

Одам таму каде сѐ започнува каде сѐ се раѓа, каде ќе се сопнам од вистината и разбудам во еден друг свет, каде ќе можам да бирам како ќе живеам....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
29. МОМА ШТО ПИЗМИ ОРО СЕ МАЖИ ЗА СВИРАЧ - кој би рекол од инает тоа така бива - која може од многуте сал еден, да бира, а да не се колеба сѐ додека е жива...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Заборавот памти на свој начин и барем не може да му се префрли дека нема стил. Меѓу две зла Што ако животот ти е даден да бираш меѓу две зла и да го одбираш секогаш - поголемото?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)