да (сврз.) - блее (гл.)

Си можел да оградисаш, да се дамлосаш, дрво брестово да се сториш, да согориш, под себе да бидеш, светлина да не видиш, ко јаре да блееш, човечки да немееш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Да си помогнеме во овие наши размислувања и со песничката: ЗА СИТЕ НАС За птица да лета, цвет убав да цвета, дрво да се виши, човекот да диши, чист ветрец да вее, јагненце да блее, чист снежец да вее, сончев зрак да грее, славејче да пее, дете да се смее - треба да умуваме, треба да ги чуваме: зеленилата, шаренилата, свежините и убавините - и ти, и тој, и јас, и ние, и вие, и тие, за мене, за тебе за сите нас!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)