да (сврз.) - блуе (гл.)

ПИЈАНИОТ: (одеднаш почнуе во тој момент да блуе).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Светлината се преврте, езерото истечуваше од своето грло, како да блуе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како што стравот во мене расте така полека сфаќам дека ова е привид, дека јас се наоѓам врз вулкан кој туку што не почнал да блуе црвена, крвава лава и сакам да побегнам, што побрзо да побегнам оти веќе слушам подземјето татни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)