да (сврз.) - боли (гл.)

„Овој пат нема да боли“, рече. „Гледај ме право во очите.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислам дека не може повеќе да боли, оти нема повеќе и потаму за болење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од тоа понекогаш почнуваше да боли по лицето и под очите; беше некакво самосожалување и го тераше да солзи, онака гладен, онака заздишен, онака бессилен и онака сам пред тоа нагорно море од снег, крај тие скочанети стебла, од чијшто допир му мрзнеше преклонетото чело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бојан мислеше на своите. Во градите уште од некни му се валкаше мала грутка неспокој, која, со одминувањето на деновите и со непрестајното пластење на снегот, нараснуваше, почнуваше дури и да боли.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Посакуваше тоа да трае, да боли. Да ја пече на тивок оган, цедејќи ја капка по капка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Леле, може ли снегулките олку да болат?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)