да (сврз.) - вдише (гл.)

Застанаа за миг, колку за да вдишат воздух и одново со сета сила, сега расфрлувајќи го снегот, не со чекор, ами со шепа се мереше нивниот пат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред пространството кое ќе го здогледаше пред себе, само требаше да ја пружи мислата широко, колку што му досегаа очите и умот, да вдише длабоко заради подобра аеродинамика и да прескокне во вечноста.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Само во твоите прегратки наоѓав сила да се разбудам и да вдишам од свежиот зрак на новото утро.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Требаше и да му се брцне врвот од муцето во плитко чинивче, да не може да го пикне и носето па да вдише од течноста, и требаше уште да се наполни некоја плитка лимена кутија со песок за таму да мочка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да се зачува нешто вредно е природна реакција,но неможам повеќе да го издржам ова лудило во мојава глава.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)