да (сврз.) - види (гл.)

Затоа тој си кандисал на сѐ и ете, ме прати да видиме шо ќе направиме ние двајца стари јунаци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Плескотот се пренесена сите редици, дури и до оние на сред чаир, што не можеа ни да видат што има на сцената.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Добро тогаш. Ајде да видиме како ќе испадне.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но сега, како што можеш да видиш со свои очи, во црните мрежи на сопствената магија се загубија и тие, ќе ги скаменам да ги нема засекогаш!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ништо не можеше да се направи, уште само за последен пат да ја погледнам на крстопатот од ходници, да видам како се оддалечува, како се симнува низ скалите. 60
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сите се свртеа да видат и одеднаш избувна громко смеење.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ах, да знам која е ѕвездата негова, да видам како гори, како трепери, кај се држи на небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Човекот често изгледа како да останал паднат на глава, онака како што излегува и паѓа од утробата и никогаш не успева да стане на нозе за да види како вистински стојат работите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се исправи пред нив и сега можеа да видат дека е висок човек, малку подведнат, клифунест во носот, усните тенки и лицето издолжено.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Утре ќе го натерам логотетот да застане со ѓаволот, пред него да стои, со негови очи да види, да узнае дека под словото друго слово има, под буквите видливи – други, скриени, под душата на словото друга душа е настанета!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гледајќи што не е „разговорот“ можеме барем да добиеме некои идеи за тоа што значи зборот и како да го употребиме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Не чини, си велам, да е човек и пречестит и прескромен”, и со таа мисла станувам да ја спасам ситуацијата која од пресраменост влегла во ќорсокак, кога гледам - имам што да видам: тие се држат за раце, гувеат и немаат сила да си погледнат ни в очи, а камо ли да се поканат да танцуваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ХХ , со веќе подготвен одговор прифати: - Како што можевте да видите и уште ќе видите нашата земја, покрај бодликавиот тел, ја оградивме и со бетонски бункери.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Неговите очи ги покриваше магла - беа отворени и не можеа ништо да видат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога дојде кај него, му рече: „Дојдов да видам дали си уште жив“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Да видиме што арно сме виделе ние досега од Бугарите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СПИРО: Море бре, застанал!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ги викнавме телевизиите да видат каков скандал е ова со кучињава скитници.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сѐ што требаше да стори беше да ги повика мајка му и татко му и тие ќе ги промолкнеа своите глави во собата за да видат како му е.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Запева продорно, како во грлото да има голтнато писка, па зурлаџијата се обѕрнува да види кој ли му конкурира.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стореното е сторено, сеедно кој го сторил, наш човек го сторил, наш човек го стори, сега да видиме како ќе се одбраниме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Почекај, аго, да видиш...“ - екна песна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
При слабата светлост не можеле да видат дали чудесниот цвет во окото на животното свенал, само знаеле дека едниот рог се замрзнал со врвот в земја и дека нозете останале неподвижни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се сврти за да види од што е таа сенка, Даниел се сепна од необичноста на лицето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие раководци ги прават сите усилби да ги покажат мотивите и самото движење како што им се сака ним; ама работата е оти не само ние, ами и другите имаат разум и очи да видат и да разберат како е вистината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој ја стави малку подалеку на една маса. Поради позицијата во која стоеше О'Брајан, Винстон не можеше да види што е тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој можеше да види дека тие се плашат од сѐ и сешто, а стравот е нешто што секој војник го почитува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Во Јужна Америка и во Африка. Еден вид мува ќе те касне и ги полегнува своите јајца во твојата крв, и кога јајцата ќе созреат, ларвите - мали бели црвчиња - преминуваат во твоите очни јаболкца, токму под мембраната, такашто можеш да видиш како се грчат.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Довршува еден превод и му се моткаат во главата неколку идеи за раскази, а е и нестрплив да види од која идеја каков расказ ќе излезе, ако излезе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но ни зачуденост ни страв ни копнеж не можел да види на нежното лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Од тука, од Горуша, сѐ ти е на дланка. На, гледај, да видиш...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Па да видите, луѓе, Илко не изгледаше толку стар според годините!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Застанале еден спроти друг, Онисифор Проказник свртен со грб кон своите луѓе, другиот поткренат во седлото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ги оставиме речниците. Ќе излеземе во стариот дел на градот, по тврдината, во старата чаршија да видиме дали уште живеат османските заемки!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но премногу брзо се движеа за да може да види што е тоа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така беше. И гледај за да видиш.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И кога да видиш, тие граѓаните што решиле да дојдат тука, нема да згрешат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Никој никого не почитува, потсмев се реди, се низат шеги за оној, Вистинскиот, што масата ја собра, што никој така разулавен, не може да види и слеп е, дека вреди.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Сега да видиме со што плативме ние за таа арнотија, или колку нѐ чини таа?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Подоцна повеќепати Едо се чудеше како не обрна внимание да види што дрвја беа, ореви или што.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако е поместен, тогаш некој ти влегувал во куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еднаш, беше тоа во нивната девета или десета пролет, едната бреза рече: - Сестро, сегде наоколу гледам, само зад тебе не можам да видам што има?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да можат да говорат окнестите камени мостови префрлени преку брзите, бујни реки во Босна или седумте божји храма соѕидани со негови раце во различните краишта на Далмација - многу нешто би можеле да раскажат за копнежите на Аргировата душа во најубавите години на неговиот живот, кога беше полн со сила и полет, готов да ѕида и на самото морско дно, за да види светот што знае и што умее тој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Престанав затоа што кога бев пред свршување се сетив дека жена ми е во соседната соба поради што посилна беше мојата желба да одам да видам што прави таа одошто да се предадам на таа свињарија на која речиси ѝ бев подаден.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го бара секот, колкав е да види.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега тој панично ги затвори очите, како така, со стегнати капаци, со грч околу усните, да се обидуваше да види некоја друга слика освен онаа во која се наоѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А со умот си велеше: „Чекај, агачко, да видиш како се кршат остените од нашите грбови. Не ќе ти текне уште еднаш да ги погледаш, а не да ги кршиш од нас".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве, има уште два дена до Велигден.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Братот се сврте. – Ова? – праша. – Да. – Жалам, но тоа не можам никому да му го кажам. – О, сигурно ви забранил отец Ксавиер? – Не. – Па, тогаш би можеле да ми го доверите тоа, бидејќи јас неодамна ги слушав проповедите на отец Ксавиер и станав еден од вашите верници, како што можете да видите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наскоро и тој поскокнува да види во што е работата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Да видиме чиј грмеж ќе биде посилен, небесниот или нашиот?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но тие ништо не знаеле да ѝ кажат; ја посоветувале да се врати дома си и да чека да види на што ќе излезе сето тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
О, кутрото дете, не смееше дури ни да заплаче! Да видевте само!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Подобро да го посрамиме Бошка, да го натераме да види што грешка прави и тој после ќе биде подобар од сите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го молам Судот да ги земе записниците и таму да види што сум рекол јас во однос на обвинетите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Каква вода“, подзеде сега и Сотир, “првин да видиме за тоа што се зборува, дека и двава дуќани во Маказар си сакал да се продадат на тој Шане?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Има што да видам, двете мои колешки од факултет кои најмногу ме мразеа и кои се чувствуваа конкурентни тукушто му станале пријателки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Лапка ќе фрла по тебе, мори лепа, Да се завртиш, да видиш, Да ти го вида лицето, мори лепа, Лицето бело црвено.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По нејзиното заминување, луѓето одеа на местото каде што пукаше војската да видат што е станато и идеа со ифрит во душата велејќи: по никакви качаци не пукала војската, туку вежби си правела...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој дојде до бандерата, виде колку е часот и ми вели: Е, сад ќу да пробудим команданта, да види како се ти понашаш на стражарском месту, и бесно замина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Да видиме дали така ќе биде и со нас?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
СЕЛАНЕЦОТ: А, жената... таа се мачела со свињата, таа мас топела... Сега сака да види нешто...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
За да видиме како еден модел ни помага да разбереме некакво, без него потполно нејасно, поведение, нека си замислиме токму онаква пирамида од јаболка на каква што можеме да наидеме на кој и да било уличен штанд на кој се продава овошје.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имав среќа да видам и еден документарен филм од Првата светска војна во кој имаше инсерти и за некогашно Скопје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од друга страна, во Фектори имаше и маса „нормално” настроени луѓе, што се однесува до сексот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ЈОРДАН: Ветер е тоа, не е мерак! Има очи да види и разум да мисли.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Од него ниту богатите нема да видат аир, ниту сиромавите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како момчиња си ги доверуваа своите први љубови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
1. Терапевтот ги следи телесните знаци меѓу учесниците во терапијата, за да види колку брзо дијалогот се движи кон нови или застрашувачки теми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се поткачивме на скалите од влезот во зградата на болницата, и така можевме убаво да видиме што се случува во централниот дел од паркот: таму десетина луѓе јаваа огромна риба направена од перници зашиени една за друга, и извикуваа: „Летаме! Летамееее!“, таму една старица држеше стаклено чевличе и прашуваше: „А каде е принцот, да провери дека ова чевличе му прилега како излеано на моето ноџе?“, таму во занес една старица и еден старец со огромни пеперуткини криља потцупнуваа де на едната, де на другата нога.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега ни останува да видиме дали таа составувала, составува и може да составува таква единица во политички однос?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се исплашија луѓето и отрчаа на брегот, се искачија кај дувалото да видат што се случува, како дошло до избивање на чад. Гледаат како чадот излегува, се ежат, стравот им лази по коски, слегуваат од брегот исплашено, панично.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ќератајата низ дуљбија мора да видел дека тука имам мажи во години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се исправам и можам да видам дека свеќите раснат, се издолжуваат косо и ги обогатуваат драпериите со пламен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Секој ден тој поминуваше да види дали не потерало.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но иако сосем уверен во тоа и сега, нешто го тера пак да провери, да види да не пресилил во моментот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога веќе се најдоме тука греота и срамота е да и оставиме, макар тие да си го бараа сето воа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„- Какво прашање“ рамнодушно одговори младиот Англичанец. „Мајка ми е убава, дотерана, цврста како челик. Што да ви кажам уште? Кога излегувам со неа, мислат дека сум ѝ помлад брат.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
— Дал ти бог добро! — одговори тој и му се запули на Толета за да види кој е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Публиката паѓаше од смеа; беше пазуза, сите јадеа пуканки, пиеја „Кока-кола“, но се смееја; на еден голем, висок кревет, лежеа Ина и аѓутантот, и божем водеа љубов, со гротескни движења под една покривка; јас се качував, сакав да ги фатам на дело, но никако не ми успеваше: скалите стоеја во воздухот, јас ќе се качев до врвот и потем, кога требаше да ја ставам раката над очите и да видам, одеднаш ќе сјурев надолу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Изненадено рече: - Кафе! - Пробај да видиш, - сега веќе заинтересирано рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби не видов сѐ што требаше да видам но она што не требаше верувајте ми - бидна! 12.02.2002
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
„- Но, да видиме вредам ли уште за што и да е?“ – рече смеејќи се... Седна. Сите станаа на нога.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Изгледа толку интересно што тука се насобрал народ од цел свет специјално доаѓаат да видат невидено и нечуено оро и да се изнаслушаат музика.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И отишол водејќи го ждребето на улар и не вртејќи се да види со каква мака бегот ја задржува кобилата на работ на својот овоштарник со доцна процутени јаболкници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бугарските политиканти не можеа да видат оти поведението на Русија е плод на нивните глупости што се викаат „самостојна” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Томето стоеше позади но будно и заинтересирано гледаше, сакаше да види што точно станало.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Погледна во ќостекот што му беше свадбен подарок и кој сега го мереше времето во неговото одајче, закачен на шајка над неговото зглавје, но во густиот мрак не можеше ништо да види.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„А сега, да видиме кој од нас може да си ги допре прстите на нозете!“ рече таа бодро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако не може точно да види, нејзе ѝ се причинува дека од спротива, недалеку од пумпата во дворот, од тремот на сниската куќарка, грдиот Радуле и неговата држанка Стојна како да ја исмејуваат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
БАБА АНЧА: И да видиш, и се поднасмеа лицето.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога се основаа првите селски работни задруги, колективите, кога државата само сакаше да види со какви проблеми може да се соочи при престојната колективизација на селското стопанство.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мирон се наведна за да види ( „ Ха, срце прободено со стрела!“) и не сфати зашто не се надеваше: земјата порасна и му се залепи за грб, небото падна ниско и го поклопи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Колкав диоптер од очила треба да стават, да видат кои се?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ќе фаќам, зерем, тој пезевенк и врзан ќе праќам на кајмакамот во Прилеп, да видиме кај одит со месеци, што правит, одошто живеит.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Кога пиеше и кога пееше не повика никого да ти ја чува пушката“, се замеша Никола Влашки а јас можев да видам дека и самиот е обземен од гнев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
При првото следно излегување в град, влезе во една поштенска испостава каде што побара да види телефонски именик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Погледни онаму, чади - покажа преведувачот. - Одиме да видиме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа и јас ... Колку заради обичај ...си бил некаков Ирод, цар со свилена брада ама со едно око, чунки и затоа сакал да види повеќе од другите, ваквите како нас, обичните, со две очи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Ајде; ајде да излезиме и да видиме дали е готово јагнето, та за парите не берете гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
СПИРО: Ама јас баш да го разбудам? Е време? Да видиме првин што вели саатов: (Гледа во саатот.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Досега на тој начин има известено седум лица и чекаме да видиме уште колкумина ќе извести.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас од моја страна ќе си дозволам со чистосрдечна жал да видам во сегашното движење полно фијаско.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога ги скротнаа воловите, не почнаа да играат комитски игри како секој ден, туку наседнаа на една ледина и заумено молчеа како тие да беа оние што требаше да видат што ќе се прави сега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дури и се наведна над работ од карпата, да види што ѝ покажува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И не знаеше дали тоа е еден глас или се повеќе гласови, млади или стари, блиски или далечни, шепотливи или гласни додека ги изговараа неговите храбри нови имиња. Не се ни обрна за да види.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И ене го, иде да се ставе со вас, да виде кој сте и кај одите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- И врвиме покрај едно запалено село, а војникот Дамјан Страчков се моли да влезе во селото, да види дали му стои куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На рибите што ќајата ги одделуваше за санџак-бегот, почна да става по еден засек кај опашката, божем случајно, но, за тој што сака да види - нели јасен знак на поздрав и колнење на верност?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ги поткреваат мрзливо главите, како да сакаат да видат од кај студи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Како не ќе сум знаел, светол бегу!“ „Ајде! Камо да видам?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакаме да видиме кој има лесна нога, полазна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Учителот ја викна и учителката. – Ајде, прво Мара, но таа ја рецитираше уште побрзо, ми се чинеше уште повесело и погласно, а ја слушнав учителката како ѝ вели – полека, сакаш да видиш разлика.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Другарите рекоа: И другарката Милка беше!, а тој: Да видам зошто се срамиш, треба да си горда.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа само му било мака, што не можел да види некаков пат и да види некоја човечка трага.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дојди да видиш... Све растурија, све испозвее, ама книгите и оставие...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе се алкам вака надолу да видам дали ми стои покрај другата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Горниот кат, колку што можев да видам, беше доста запоставен, бидејќи Симон боравел главно долу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како на пазариштата Од галеријата мошне убаво можев да видам што станува долу.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кокошките на патот рипаа од место кревајќи облаци прав, а зачудените луѓе зад нив, уплашени, погледнуваа по улицата нагор чиниш да видата дали арамијата сега по нив не влегува в село.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ама, таму што немало да видиш, а пак не ти е за верување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Бреда?“ „Тоа е одвратно“, рече таа. „Тоа навистина е одвратно.“ „Но мислев...“ Се повлекував. „Извини“, реков.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Што сакате? - праша таа, како да виде непознат, туѓ човек пред себеси и расеано гледа преку мене.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не можев да решам, но сепак, си реков, ќе ја оставам, зашто и така ќе му кажам на Методија да се грижи и за неа и да види во шталата, сигурно Симон има оставено залихи зоб за коњот и вода да му тура за пиење.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Станав и излегов да видам дали осамнало.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се наведнаа да видат подобро и просто не им се веруваше: па тоа беа две сосема малечки кутренца, малечки - речиси колку нивната дланка, кутренца со одвај отворени очиња, гладни, измрзнати, кутренца што цимолеа со слаб глас.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Се случило, имало еднаш, колку да видат очите, а потоа, нема.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откога виде Силјан оти никој не излезе, тргна да оди по адата, да види што земја ќе биде таа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да влеземе и да видиме што слово е сочинето, што пишува“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ајде да видиме што си научила сево ова време.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Абре, да видиме за водата!“, се обиде со сета сила Михајло.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За прво треба да видиш да не е нешто глув или слеп, да не е некаде изгорен, да не криви со нога или со рака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога војниците ѝ објавиле крај на војната имале и што да видат, убавицата веќе одамна ја имала загубено убавината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја отвори својата груба рака и со едниот чист нокт нацрта, полека, обидувајќи да постави сѐ таму каде што тој можеше да види и каде што таа можеше да види.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Настана десет–минутна гробна тишина. Нешто тропна, се отвори вратата, и што да видам?
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Следните денови го испрошетав насекаде каде што имаше желба да оди и да види.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А ти си можел, само со едно испишување на моето име, да помогнеш да ја видам ќерка ми уште еднаш,” рече, и на зборот ‘видам’ преврте со очите кои можеа да видат само контури.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Еј, стопли вода да се искапам, ми вели Јон, па да видам уште што остана живо во куќава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секаде гледам само што има зад тебе, не можам да видам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Другите не сакале да видат што видел тој.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се заморив од летот и светот, Нема што да сетам, нема што да видам Стигнав бигор - паметник да бидам.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Решив да излезам и да видам каде сум. Морав да бидам претпазлива.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сѐ уште се мачев околу уредувањето на гробот на Борко, може да се рече, ги правев последните работи, кога тој ден во септември тргнав на спротивната страна од долнечките гробишта да видам што е работата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа лето ја запознав Кенди Дарлинг.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Планините раснат, се напрегаат да ги кренат острите грби, сакаат да видат кој чекори над длабоката модрина на долот, чиј е страшниот извик нечовечен и нејасен, што станува во оваа стуштена и матносребреста наквечерина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја привлекол поблизу торбата и си рекол: Чекај да видам какви се урмите? ... И запалил свеќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па да видите, сакале или не, вие се позапирате и сега сосема сериозно, сами себе, се прашувате: - Таа беше или не?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Па да видиш како ќе летив главе ... (Ha Дара) Жено, да не заборавим, јутре то да ти буде први посо; да гу наоштриш каму ...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Па да видиме и што домаќин си, што паша си, — почнаа Гарванов и Сарафов на шега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Двајцата се загледаа пред себе да видат погодно камче, но немаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ми се биат шега и велат дека со глава ѕид не се туркал. Море да видиш како се турка., ама требе повеќе глави да се поискршат, да видиш како ќе се турне!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Каде си ? да видиш како се извршува тоа најтешко – занимање – родител. Каде си сега?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сакаа да видат што и да било, гавран или црн облак чавки. Сѐ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сака да види свет, сака да научи повеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А некој од оние прости луѓе од роднините, рече: „Да го отвориме ковчегот и да го видиме уште еднаш, да видиме дали е уште цел, или нешто почнало веќе да му се одзема.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оди, вели, кај Симона Поцо, проговори, вели, да видиш што ќе ти рече.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Луѓето застанаа да видат што ќе се случи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повели, напи се да видиш каква е.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
— Сврти се, вели, да видиш кој иде по нас. — Мофашите3, или Германците?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А сега да видиме ошче една работа...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа што сакаа да го видат цело време беше некаде потаму од она што го гледаа, но и не можеа добро да видат зашто прозорците беа од бледожолтеникаво провидни каучукови плаки опшиени во мушамени рамки, така што изгледаа како исплакнати во некаква матна вода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Можете да видите презентација на работничка дневна соба пред и после комунизмот; уживав во овие компаративни нарации.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Здравиот разум најверојатно би ни кажал дека тоа е јаболкото во центарот на најдолниот слој на пирамидата. Да видиме.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ќе и мешаме капите денеска, та да видиме до кај ќе излезе! — проговори помладиот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повремено фрлаше куси, дискретни погледи кон авторот кој знаеше дека овој се труди да види кој е натрапникот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Ајде, оди таму кажи им на другите деца и не прашувај многу, - ми рече чичкото што чучеше на земја и затресе еден шраф со раката да види дали е добро зацврстен.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дали ме стана некое љубопитство да видам што родив, да се осигурам, што се вели, или некоја непозната жал ми ја сврте главата кон детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Кога ќе се вратиш од Струга, дојди пак да видиме да ли си добил сол.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Ова е како театарска сцена,“ рече брат ми. „Или како циркуска арена,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во првиот миг малку нѐ штрекна, се поисплашивме, што е оваа работа рековме, го оставивме појадокот и летнавме да видиме што се случило.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ајде да слезиме до кладенчето, да видиме што прават момчињата и да го дочекаме Крстета, ако не и Толета", — предложи Петре и тргнаа кон другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По некое време излезе на паркингот за да види дали надвор излегле да си играат други деца.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ПЕТРИЈА: Ќе одиме в црква да крстиме дете.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Еден комшија го гледал пред некоја година на кино, вели добра работа. Ај да видиме.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Кадијата горе на својата висока положба, гордо седеше на својот ат и одвреме-навреме се обѕираше назад да види колку е оддалечен од своите сопатници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Доста беше да ги прекрие со рака, па да види дека без нив катчето како да се развеселува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го брише Богуле стаклото од прозорецот да види подобро и се тресе од страв.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И така, додека прашките граѓани неделите ги минуваат во починка, дотогаш гостите, кои овде ги има од сите краишта на светот, се на нозе и талкаат по прашките реткости, за да видат што повеќе од нив, да ги запомнат и да понесат што повеќе убави впечатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од една врата влеговме низ друга и веќе бевме во широка одаја, не премногу осветлена, но сепак достатно за да видам необично суштетсво, прилично слично на полип: огромна многуока глава, од која се протегаа долги пипала.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И јас во името на народот ги чував народните непријатели добро да кршат камен, добро да го делкаат и со врвот на иглата мерев да видам дали добро налегнува камен врз камен ... дури - како што велеше командантот - воздух да не пропушта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сѐ е така јасно, ако сакаш да видиш!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Место тоа, сега рече: „Слушај, Симон, треба да видиме за имотот.“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гледам, сѐ што другите не можат да видат... За тоа МЕ ПОВИКУВАШ!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
ТЕОДОС: Не ти се гледа арно, пријателе мој!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- А ти не се плашиш ли? - Па, не знам. Но сакам да видам како е горе. И да погледнам оттаму. Никој досега не погледнал...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Предо се загледуваше во нашите ножеви и виљушки, да види како го правиме тоа, па и сам го расече својот ширден правејќи од него партал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така беше: турски јатаган му го ископа едното око на Арсо Арнаутче и ги раскрвави кого в рака кого в глава - Орлен Шумков, обајцата Онисифоровци, Куно Бунгур песнопоецот и Богдан Преслапец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
III Или пак елате Објалџии опинчари рибари Брсјаци Мијаци Елате По сите ориди и по сите преспи Да тргнеме Да се изброиме Малку ли сме Многу ли сме Ќе правиме царство Да видиме колку векови ќе царуваме Кој ќе ни биде цар Кој Бог И шпиун кој ќе ни биде, Елате Да се изброиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Не мораше да види особено добро за да полета во височините или да се симне право удолу.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сојот негов опак...! Да видам до кога ќе тера инает...“ И удираше со копачката, го корнеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Купен е во Париз за илјада и двеста ебени долари и како што можеш да видиш воопшто не е рѓосан!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не знам, не можеш толку да се покажеш да видиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку му треба за да види се што има во најмалата, најнепознатата, најскриената државичка на светот, чудната земја Дардаванија.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Најпосле и Велигден дојде. Дедот поп Трајко неколкупати излева ноќеска да види што коа е и таман Деницата се јави над Српјановец, си ја зеде торбичката со алатите и пукарачукара, дојде во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Бахтијар нареди узбуна во маковските ливади та и тој тргна со своите две илјади Анадолци кон Маргара, со таа разлика што тој беше поблиску, та уште в зори се најде под самата чука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ги местам зборовите, и гласот така го местам, да не му е лесно што се јавил, да види колку пари чини да го држиш Методија на пат, кога тој сака една ракија да испие дома.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Гледаше и ослушнуваше да види да не лежи некаде ранета.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сака да види некого. Од домашните.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога влегоа — имаше што да видат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На троногалче седам и сеирот си гледам и немам што да правам па во оган дрва клавам и се мавам со чеканче по колено за да видам дали ми се добри рефлексите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Што можеше да види Симон во огледалцето?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Поразбуричка со рака да види да ли водата не е многу жешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога се создаде пријатна весела атмосфера, Кметот фрли поглед кон учителот, го задржа на него, потоа ја зеде чашата, им наздрави на полковниците, се чукна и започна разговорот да го врти на проблемот со селото; им рече дека луѓето живеат во немир, во неспокојство, дека нестрпливо чекаат да видат што ќе биде со селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Е, да видиш, доктур Коста, и таа работа не ја знам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ИЛИЈА: Рашетувајќи се, ја видов мајка ти кај излегува и јас полека по неа да видам кај ќе оди.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ја кренав в раце. - Што да видам, Биле?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не можеше да поверува како можело да му се случи досега воопшто да не се сети да го отвори локалниот телефонски именик и да види дали не ќе најде и уште некој Едо Бранов. Овде, во сопствената земја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но би можело и страшно да биде да видам како изгледам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во согласувањата меѓу особеностите на работата на сонот, истакнати на почетокот на овој текст, и оние кои истражувачот на јазиците ги откри во праксата на најстарите јазици би се осмелиле да видиме потврда на нашето сфаќање за регресивниот, архаичен карактер на начинот на кој мислите се изразуваат во сонот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Што го мешате Бајрон во оваа историја. Тој беше обичен авантурист! Ајде да видиме што ни смислил тој?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имав мала италијанска пушка и секогаш ја носев со себе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако не крцкаат штиците на душемето кога ќе чекори невестата по куќи, никој нема да види аир од неа, а најмалку мажот и децата”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Умно зборуваш, синко, но ајде да видиме што станало со скривницата - рече мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Чекаа да видат како смртта ќе дојде да го однесе лично „ѕвезданиот бик“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога селанецот се доближи до стражата, еден од заптиите извика: - Стој, бре ѓаур! Дај да видам што носиш во кошницата!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И кога се враќал од печалба се женел. И давал откуп за невестата како дар на татко ѝ. И тој под стари години да види фајда.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ајде да јадеш, Костадине... Да каснеш, да се поткрепиш... (Јадењето е сиромашно: црн леб и чорбест грав).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А јас, извадена од памет, подзамижано се трудам да видам од мојот кревет и секогаш, ама баш секогаш знаев дека Душанка си играла докторка и дека, по своја стручна проценка, си го засилила течењето во системот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ТЕОДОС: Дај да видам. Си ги исчистила, красно си ги исчистила!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Де, де, каков свекор ќе бидеш со болна глава, — му потфрли дедот Карабуклија и излезе на малата врата да види што време е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тој уплашен човек Карер не можеше да види ни трага од она дете со кое играа во училишниот двор и чие лице го красеа немирните маслинести очи и една речиси постојано присутна насмевка. Цел живот се почитувале и се дружеле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога видов што стана, исплашен, изглегов на балкон да видам што вели народот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се собраа токму на време да видат како Ластовицата, одморена и свежа, се одвојува од јарболот и летнува кон север.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Јас ќе се борам со Шаќира, да видиме како го ранел царот зимава — се провикна Трајко Брниклијата, а Шаќир не дочека да му се рече двапати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа селаните стрпливо чекаа да видат што ќе направи дедо Геро.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јас така размислувам, кога тој се исправи и - што да видам? Да не ве излажам, ама уште колку за цела глава повисок од писарот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Опомена следи, потоа казна, биди скромен, чесен,верувај во себе. Човек да видат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Кога Крсте излезе низ малата вратничка, а Нешка се наведе да се појави да види дали некој не ќе го види оти од нив излегува, овој ја исползува нејзината положба, ги бакна своите четири прсти на десната рака и ѝ ги залепи на левиот образ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не сакаа да си го изгубат спокојството освен ако во тоа еден ден да видат некоја можност.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Божем мене ми велеше а како да му се обраќаше некому, но не можев да видам кому.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја ај кажи ми да чујам јас, да да видам имаш ли право што се срдиш?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да видиме кај Англичаните, велам, да не се прибрал кај нив?...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го слушашеше како џбара низ фиоките по нож, како ја бара штицата за сечкање кромид, како се чуди со што да ја исцеди половинката лимон - но не му помагаше, да види дали ќе се снајде.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Сигурно таа не мигнала. Секој миг излегува на порта, да види дали доаѓам...“ - си мислеше Андон за жена си Вита и брзо грабеше напред.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Добро, можеш само малку да копнеш, да видиш на што можеме да се надеваме“, велам јас со молба како што моли очајник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Земи го, Спиридоне, за твоите колчишта е арно, а јас треба ново да купам. (Наместува крагна и машна.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Нивната постапка на никого во Потковицата не му се допадна, но и зашто никој не ги познаваше Акиноските ниту нивните обичаи, сите со притаена сомничавост исчекуваа да видат што наумиле тие со тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да ги штипнеш, па да видиш дали се живи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чу само душата како го моли нешто И коските како му крцкаат И имаше сила само да види Ѕвездите врз него – блиску, Марија – отаде ѕвездите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Има цело Скопје да види и да се чуди...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Очите на Трајка му светнаа како молња, а кога и отвори, не можеше ништо да види пред себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Стани, стани, Младене, да видиш како куќата ти се распаѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И поткрева камења за да види дали под некој камен ќе го собере како гуштерица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бидејќи со законот на нашата земја е забрането да се открива тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Остани да ручаме, да видиш каков комат направи Садие, го задржува жената поштарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Да видиш колку убави сини очи има. Погледни, ама е симпатичен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Или се случило на туѓ врат да видите сличен на нејзиниот гердан, или, што е уште поразумно, дозволете да заклучиме дека вам само ви се причинило оти ја имате видено истата скапоценост на вратот на секретарката на другарот Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури ми стана непријатно од тоа што се ѕвереше во мене како да видел дух.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Човек уште во темни зори можеше да види купови садови за вода (стомни, букари, котли, лонци, грнци, кобли, тенеќии) околу чешмите и во дворовите на домаќинствата стопани на бунари со добра вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги отвори очите за да види и виде над себе војник со нејасно лице.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Квичењето се доближува. Ни оној со здрави очи не може да види чија е таа гласна треска: сепак обајцата сакаат да веруваат дека негде наблизу се движи пес, кучка со набабрени боски чии кученца се затворени во вреќа и фрлени в мочуриште.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ајде, посмеј се и ти, запеј им некоја за нив да видат како боли.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Една неделина, кога Трајко си дојде од пазар, каде што беше пратен од браќа си да продаде јагниња и направи арч за вршење, се собраа сите петина да видат што донесол пазарџијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Земи го писмово и однеси му го да видиш што ќе рече — му го подаде Дорев писмото и го испрати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да видиме шо прават тие пци и шо да му се праве.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тогаш сфатив дека меѓу уката на чинењето мозаик и уката на преподавањето сказанија – нема разлика, дека и за двете важи истото правило, закон ист: дека не можеш да видиш, да узнаеш, да го созерцаш целото додека сѐ не си дојде на свое место, додека не стигне времето за целото, додека од малото да сочиниш поголемо, а од многуте – едно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако ми се качи горе, како што не е портана заклучена, не ми останува ништо друго освен да се фрлам преку пенџерињава. (Ѕирка од прозорецот да види дали е уште тука).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога наутро ќе се симнев да си го земам мојот велосипед, со кој одев на работа, имав што да видам, многу отпушоци од цигари.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога од некое мртво дрво писнал був, од водата на мочуриштето излегле жаби со рокчиња и ги облазиле злодеите, па наутро, под сонце, имале што да видат: од носот до ножните прсти се посипале со красти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да видиме, велам, да мериме, до која длабочина сме стигнале. Другите молчат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Опа, опа, опа! - извикуваше дедо Димо, свртувајќи се повремено да види како напредува внук му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во очај, по безуспешното лекување на оџите и бајачките, кришум, по првиот мрак, бил повикан еднаш и попот Вртипоп, поточно бил извлечен пијан од туѓа плевна од двајца слуги на бегот кои сепак можеле да видат во сувата слама две недоволно сокриени женски нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеби беше дошол да види како живее?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
НАЦА: (Исто така гледа низ другиот прозорец.) Чорбаџи Томче. Тоа ли е саат на две нозе?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Ајде да видиме. Да сме живи и здрави, - помирливо рече Снежана, но се сети на нешто и продолжи - Само да знаеш дека за сѐ се виновни твоите чести прекоманди.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Петре- Петре,пиралче, На грамада седеше... Имам куќа сараи, Кога ојдов да видам Една крива кошара!“ - Добро- рече Петре-ама ние сметање учевме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Стани да видам, дали можеш да стоиш? - Можам да одам по линија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По оној чуден сон таа донесе конечно решение: „Ќе чекам да вида шо ќе биде со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Има нешто да видиш и научиш тука.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа сензибилна жена, пријателка од детството, доволно ме познаваше и најнеочекуваните мени да ги прифати како обични. – Да видиме што е! – едноставно рече, наметнувајќи го капутот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Да дадеше Господ една сипаница лоша да дојдеше и сите вас да ве собереше, та после векот едно да не пркне: овде да се роди, ама бело море и црно да препливаат таткови и мајка ви, тамо да видат челад; откако ќе видат челад тамо, еден Господ нека суди и еве јас си умирам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ние не бегаме од разјаснувања и полемики; ние сме демократи затоа и смееме да загазиме во калта и да видиме што правите вие таму затапкани од јавното мислење на српската интелегенција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Можеше да види и како го донесе мајка му онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Добро“, велам јас, „да видиме, ако треба нешто да се види.“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Само понекогаш по малку се исправал да види што се случува и се обидувал да повика некого, да поразговара, да каже дека мачењето е попусто, тој ќе умре, другите ќе умрат, по нивната смрт сè ќе е мртво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
АРСО: Тогаш, коџабаши, земи уште едни очила, или пријди поблиску да видиш поарно.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Би требало убаво да видиме дали народот во дијалектите има посреќни зборови или изрази, кои би служеле крај старите! ја продолжи Татко својата мисла.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потстанав да видам што точно се случува. Прозорското окно зачкрипе.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За тоа време Лилица лежеше помешечки (некој, дали тоа беше Андон или Азра? – таа не можеше да знае, силно, со сета тежина беше потпрен на нејзиниот лев бут) и со едвај отворени трепавици можеше на елипсастото огледало со масивна дрвена подлога на наткасната од креветот да види дел од лицето на Андон: неговите очи, замижани, силно стегнати во грч, неговата издолжена, кучешка муцка и широко отворената уста која како да сакаше да каже нешто многу, и нешто важно, но наспроти тоа таа беше само нем отвор низ кој се истушуваше нешто низ гркланот, а доаѓаше одоздола, од душата, од нешто што таа не можеше да го види на огледалото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А некој од нив рекол: „Да го отковаме ковчегот и да видиме дали е уште цел, или нешто почнало веќе да му се одзема.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да видиме сега како ќе ти ја туркам количката без раце!“
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ќе рмбаш ко коњ и бел ден нема да видиш , а парите ќе ги трошиш коа ќе идеш у пензија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Камилски живна, стана од своето место, го поклопи големиот речник пред себе и рече: Во право си, пријателе, животот останува првата и последна проверка за вистината...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Лектира кнезу Репнине пукната калино во мозокот црвено во копнежот се всадуваш прибираш сѐ што е светло безграничен меѓу корици мирисаш на бебе те канам чај да се напиеме зимата да ја згаснеме небаре жед ти седумдесет и шестата јас тебе да те видам меѓу луѓето немаштија во мене исто така - има што да видиш дождот се самоубива кога врне за да постои мора да врне зли абери како метафори ме следат ѝ се ближи крајот на неизвесноста репнине литературо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да, дека полудела! Врескајќи, таа јурна преку скалилата. Тој потрча по неа за да види што ѝ е.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еден од треварите, постариот, и некои двајца, калуѓерски долговратиот Лазар Аргиров и кашличавиот Осип Сечковски, веќе ја кршеле со секири колата на Дмитар-Пејко, кога пред нив како куп ѕвезди ќе блесне оган да нафрлаат врз зажареноста пресно месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со прво беше направил еден крст на едно дрво, од некое суво дрвце, за да го познава местото, чунки ќе одел како внатре во адата, за да види што има и што нема, да ако нема некоја трага од човека, пак сакал да се врати назад кај изворот за да поживее тамо со емишот што бил на дрвата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ние децата, особено помалите, побрзо изгладнети, зачестено влегувавме во кујната да видиме што ново ни месила мајка ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не успеа да види што се случува. По тешкото бомбардирање, ја најдоа онесвестена...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да види дали таму, запретан под сувите лисја, презимил неговиот пријател и сосед, со кого не се имаше видено од октомври.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И каде најинтимно можете да ја барате судбината ако не во сопственото срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да видиме колку ти чини лозјето, па да направиме нов сенет уште колку ќе ми останеш борчлија и да ја свршиме работата...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Горам од нетрпение да видам што е тоа што те тера така брзо и така лесно да го извлечеш пиштолот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Потоа чул, бездруго го викале, и грубо тргајќи ѝ ги младите раце од своите врели дамари ѝ рекол да бега, да се врати дома.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А реченицата прекината продолжуваше вака: „... да не може да го види ѓаволот; а едниственото место од кое тој не може да те види е неговото место; посакува, велам, човек да застане на местото негово, на местото од нечестивиот, и да види што тој гледа; а гледа сигурно слово поинакво од она што е сочинето од книгата“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А ти, ела малку по мене“, и Башмајсторот замина покроце кон бараката, зборувајќи како за себе: „Си нашол работа, аирлија нека ти е, само мене ми е страв да не би да биде ова сѐ што ќе ѝ однесеме на мајка ти“, а оној едно време гледаше по Башмајсторот, се подвоуми, Башмајсторот ниеднаш не се обѕрна да види доаѓа ли овој по него, чекореше спокојно, и најпосле оној замина кон бараките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислам дека луѓето би требало да видат сè и дури тогаш да се одлучат - то ест, да ги спречат другите луѓе да одлучуваат за нив. што и да правеше, Фектори сигурно им помогна на толпа луѓе да одлучат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- И ти мене ми пречиш, - рече другото. - Ни јас никогаш не можам од тебе да видам што има на таа страна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го гледам сега Ивана мој, а не знам што гледам, нема што да видам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пули да видиш како пиши. Ќе ти пеам на грчки, а потоа ќе ги кажам што се вели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Загина од будалаштина, вели, многу сакаше да види мина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го запирам дишењето, а тропањето си трае, си иди ко оддалеку. Ја пуштам раката под мене, барам да видам што тропа, од кај иди чукањето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неколку глави се залепија на прозорците од вагоните, за да видат каде се, и пак се загубија.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во исплашеноста, не можеа да видат дека се тоа двајца обични невооружени и распашани војници.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бре, какви ненаситници сме, велеа луѓето, го истребивме езерото; се пцуеја, се обвинуваа меѓу себе, но штом ќе чуеја дека пак бучи езерото, дека пак дува југот, скокаа од сон, се будеа и трчаа крај езерото да видат да не се повторува истото чудо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Најголема трагедија е да видите многу од светот но сѐ уште да не успеете да допрете до сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Чекај аго Али, Муто, Суло, чекај да видиме чиа мајка сина доила... мајчето ваше пљачкашко!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Врвеа, врвеа и само за миг свртуваа глава колку за да видат дали зад нив има живи и дали држат чекор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како некаков почеток можеме да видиме дека пазарот за следниот Божиќ ќе бара тимови лингвисти, психолошки добро школувани писатели и луѓе, коишто можат да доловат посебни ефекти за развивање на новиот модуларен јазик, којшто се заснова врз „меми“, сајберноти, што меѓу себе ги поврзуваат зборовите, иконите и структурите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го крена тешкиот плик со надеж да види кој е испраќачот и, евентуално, пакетот да го фрли во кошницата за отпадоци неотворен. Како што често правеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Методија, целиот во недоумение почна да ги загледува кон вратата за да види што е ова со матарката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
До 67. dragqueens сè уште не беа прифатени во официјалните фрик центри.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Уште првата вечер го поканија десеттина домаќини на вечера и конак и тоа нему му направи голем впечаток.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Чекај да видиш кога ќе се стемни и кога ќе се запалат светилките, ми рече таа. Ова не е ништо, додаде.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Навистина да видам пет.“ „Повторно“, рече О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си легна уморна, а имаш време сѐ да видиш и сѐ да засакаш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Е, ај оди, бре ќелеш - му рекол постарио брат. - Да видиме што ќе сториш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ако сега, во најтешките моменти, го напуштиме, тој ќе ја изгуби таа вера во себе и ќе го вратиме делото за пет стотини години назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но за да му докажам на Селима дека не е вистина тоа што го кажува, еве што предлагам: Ајде да собереме наши луѓе и да отидеме еден ден по тие села, да видиме што ќе испадне.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И Змејко не еднаш можеше да види, додека шетаа по оние големи дуќани и додека разгледуваа сѐ што имаше таму, како една рака се изделува од нивната китка и посега таму, каде што не ѝ беше местото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Да видиме тогаш, - ќе речеше татенцето и ќе му дадеше знак на Колојан Николоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И потем Фисот ме фати за коса, ѝ рече на Луција „Избриши го“, и таа потем долго ме бришеше со шамичето; гледав солзи во нејзините очи; тоа не беше онаа Луција од разбојот, којзнае дали некогаш воопшто и постоела таква Луција, си мислев; гледав пред себе жена во солзи, сподобие страсно во писмо што го преточив, во песни; жена со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; со усни – алова панделка, со уста слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; еве ја, плаче пред мене и ми ги подава рацете, и вели: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; еве ја, стои пред мене и јас ѝ велам: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега ми ги потокмува панделките од врзувањето на темето. Баш би сакал да видам како ми стои.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Прво да видиме кој е крив за сегашното востание на кого паѓа најголемата одговорност за него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И ќе го препознаеме, кога ќе проживееме доволно долго за да видиме како тркалото повторно се врти од центрифугалната сила на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сега да видиме дали избирањето на централното наречје за литературен јазик се оправдува од практично гледиште?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Преноќева со децата и утрото излезе в село да го најде коџобашијата Трајка и да види до каде е дојдена неговата работа со поплакот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ТЕОДОС: (Пред огледало ги чисти мустаќите со четкиче.) Тји, бре мурдарлак! Ништо чисто не може да види човек.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Тргнаа, сите на коњи освен Петар, кој бавно одеше пеш па затоа го подбутнуваа одвреме навреме со еден камшик удирајќи го, да видат како трча.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако не можеш да слушнеш, се обѕираш да видиш - што е тоа?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бевме многу, многу деца. Кога свртев глава за да видам колку е долга колоната видов како на ритчето, скраја од џалето, се собираа жени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Е многу е смешно. Би сакала да ѝ го смачкам тој пилешки мозок.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Селото се прогледа како тепсија и Османлиите можеа да видат како од секоја куќа излегува густ дим од оџаците, а на сред село голем собор од луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А, ете ги Ѓорѓовци. Еве ги кумашинците, чорбаци Теодосе!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Братучедите чекаа некое време. Шишман гледаше во Србина како да чека да види дали нешто е крив или не.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Помислив тоа го правите зашто ви се допаѓа сликата! – го потсетив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
БОГДАН: (продолжуе) ... за среског начелника, да видиш мало рачуни са ови антидржавни.. (Истапуе бесно напред и се прчи) Ја ќу им покажем, ја .... нико, други ...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Ти не давај бег, ќе дојдиш со нас малку, да видиш каде се криат арамиите да му кажиш на Фазлибеј и валијата во Битола — го дочека Толе и ги пекани другите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одеше несигурно и наморничавен чудејќи се зошто неговите очи искривуваат сѐ што и да видат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Токму така“, рече Филозофот. „Да видиме сега што имаме: Леб ќе јадеме и ... ќе пиеме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пандо го зеде писмото, го разгледа, ја стави цигарата на каменот и рече: - Да. Ова е на грчки. Да видиме што пишува.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Иако гледа во неа, не може да види ништо и не знае дека чашите се волшебни кристални кугли само ноќе кога во нив, како од скинати парчиња, составува априлски жолти цветови, осамени планински колиби, две Марии. Сѐ што и да посакаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Улица, дожд. Бол во рамото. Во далечина - нејзиниот прозорец без светлост, а јас сакав да видам млечен квадрат и модра силуета во него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сулочауш стана утредента и го викна коџабашијата: — Ајде, коџабаши, да одиме да покажам каде сет арамиите, да видиш и да закопаш, да не плашиш веќе од Толе Паша, — и тргнаа само двајцата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му се приближуваше со оние свои огромни скокови, од чии што удари потреперуваше, протатнувајќи, сета земја, и Змејко сега можеше со свои очи да види како оние негови завиорени в страна огромни заби ги делнуваат како завиорени сабји доста дебелите стебленки на дрвјата, што му стоеја на патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаев и дека треба со свои очи да види дека некој навистина го мисли тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Исправен под небесниот волумен, како сваперен, сенка на некој мртов, на дамна мртвиот Никола Поцо, наслушнував да ги насетам промените во почвата долу и да видам дали се тоа победи и слава, или нешто што е подобро и да не се знае.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На Струга дуќан да имам на ќепенците да седам, да видам, само да видам и на ќепенкот да умрам!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Сакате да видите? Еве, ако можете… Ве има вас. Сѐ пишува тука.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Да ја видат желбата наша... да видат што народ сме... - Би требало... - им велеше учителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Косот пак исвирка. - Двајца да појдат и да видат што има! - повторно нареди командирот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во меѓувреме на скалите се појави жена му со запалена борина в раце, таму подзастана чувајќи го пламенот од ветерот и кога го смири, ја крена борината над глава да види што станува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Држте ги одоздола, држте да видиме шо сакаат тиа кучиња по ридот ноќеска!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ја наѕирам долу кравата, си велам. Знам дека е пред отелување. Слегувам да видам дали има ново.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ти, жено, ако имаш очи и ум, ела да видиш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Некогаш не ти се вдава да се опулиш долу во снегот, да видиш дека стапалките се машки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Белки коа ќе дој слободата, со неа ќе дој и некој шо ќе знае да пее, некој поучен, шо ќе знае да види шо има во писулчето, а не само да бери...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние сакаме да видиме каква тајна носиш во очите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сите се сјатија да видат, да советуваат, да помогнат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Собата во каде беа Бојана и Александар беше подиздадена во г – позиција во однос на останатиот дел од куќата, па така тие лесно можеа да видат како Павле и двајцата полицајци со вперени пиштоли влегуваат во неа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сакаш да појдеш некаде, барем со погледот да појдеш до некаде. Да видиш што има, што нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Надвор беше многу топло.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— Еве, да видиш, не само што ја гушкам, ами и ќе а бакна, — а де? Пукни , да пукниш, ќорла една!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пули, да видиш... зошто, да те прашам јас тебе, народот не испеа такви песни за туѓите војски, а?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Но зошто ја бараш од мене?“ „Челник си, реков. Се заколна дека ќе се грижиш за нас. Стани и најди го крадецот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На големиот одмор бев во искушение да претрчам до дома и да видам што направија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Те доведов ваму сам да видиш дека ѕвездата не може да се фати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Барем да излезам да видам. И стана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И трите жени отспротива останаа на местото поднасмевнати и среќни што можат да видат вакво чудо - Џорџ и Жабе да се подбиваат со добротворот Симон Поцо, важниот писател кој малку- малку па нешто на машина пишува истопорен на балконот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еве, преминувам на друг симбол, за да видиш колку е едноставно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Штом ме виде полета кон мене со раширени рачиња: - Тато, тато, да видиш!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Африканската музика обележува практично сѐ што правам - дури и амбиентот, бидејќи тој произлегува директно од желбата да видам што сѐ ќе случи ако ги „отклучиш“ звуците во дел од музиката, им ја дадеш нивната слобода и не ги навиеш сите според еден ист часовник.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Стои Толе над посатките и сеедно зборува: - Стомниња, бардиња, грниња, вика, не ќе оди ова за многу и мечката од Москва ќе се опсени и за нас, стомниња, бардиња, грниња и ќе видите, вели, како што слушам јас, стомниња, бардиња, грниња ќе прави војна и за нас, вели, па уште ние останавме без држава, вели, стомниња, бардиња, грниња, на сите околу нас им даде, вели, стомниња, бардиња, грниња, зар другите ѝ се породнини од нас, вели и ги крева стомнињата едно по едно, го чука со претите и после дува во нив да видат луѓето дека никое не тиши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Страшно многу посакувам и јас да бидам разбран за да можам да видам како ќе биде тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А Никифор Абазовски постојано да ме бара. Да види кај спијам, колку сум далеку од него. Слушам: ене ја горе!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зашто, тогаш, би можела да видам дека сум како Другите луѓе, овде.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Е па, тој Миклош, едно доаѓање, веднаш ѕиркаше во везалото на Калија да види што направила таа за тој ден, и уште пред да види, почнуваше да го фали на унгарски.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Единствено сега можам Од денес па за навек цолза да сронам за сѐ во животот што не сум сфатила Ако, некогаш утре ја здогледам пак твојата трага што мирно ме следи прикриена, но драга кутрото твое суштество што не знае за тага нема да забележи дека љубовта наша е веќе остарена Заб бел лежи, го бележи Времето и злото А бремето тежи во ова бремено утро што тебе те раѓа за појасно да видиш – она што вчера било засекогаш во заборав паѓа А она што денес не си те молам биди...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Кај се тие возила, стопанкина му? (Во која мајчина ќе одите: знаете ли вие каде е Албанија?) Па што ќе правиме сега? (Почекајте да видиме, да се избистри...) Ај, нека се избистри, ја потпира Трајан изврзаната рака на колениците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Не, вистина, нарачај. Да видам каков си. После јас ќе ти нарачам. Десет.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ѝ се доближила, имала што да види, во подадената нога на мечката наденат еден голем трн (глогов) , а мечката со милни очи ја гледала мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Што сакате прво да видите? Станот или куќата? Одговорете! Вас ве прашувам!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Не гибајте ја, вели некој, треба да видиме кон кај ќе полета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред другите дуќани веќе полсаат, некои и цел, чекаат со клучевите в раце, но тие не пијат „чај“ со командирот на полицијата, та не смеат да влезат предвреме, оти тој пак затоа седи кај Петруша, да види кој ќе се огреши од законот да му состави реферат и еве ти ги, — пукнале двете банки казна; по пет динари за присутните; банка „такцират маркаси“, што велеше Мамут ковачот, та на крајот казната излегла над педесет динари. А тоа значи, кршила глава половина франга.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од дефиницијата од речникот можеме да видиме зошто некои луѓе кои ја употребуваат метафората „разговор“ тврдат дека не се експерти - што се надевам е лажно тврдење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Трчаше пред аскер бимбашијата на својот арапски коњ, им даваше зорт на јузбашиите, мулазимите, башчаушите, чаушите и онбашиите да го стегаат аскерот, што побргу да накачува на нагорништето, за да дојде до целта незабележан уште неразденето убаво, но аскер како аскер, се влечкаше тромо и, спротивно на офицерските желби, не сакаше да влегува во борба ноќно време, оти не можеше да види што ќе нагази и откаде да се пази.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За свадба е најлесното! Ова да видиме на кој крај ќе истера, што нема писмо;
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Свесен дека го бие глас на слаб или никаков педагог (сега измислија и нов збор - методичар), Гого не му се мешаше многу во учењето на синот што му беше пошол по стапалките, освен што со едното око ќе ѕирнеше во неговиот блок - да види до каде е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
— Имал к'смет двапати да јаде јаребичко мевце, — и си излезе да види горе што стана со гостите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога дошол, што да види: мешината со маштеницата дупната, млекото што било во кацата за биење истурено поземи и сите каци наполнети со брбушки од овците.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ај, си викам - можеби превисоко нишанам. Дај да видам што прават овие што ми се генерација.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Веднаш се симнав и отрчав на Јужната порта, да видам дали е добро затворена, а потоа го ѕиркав низ клучалката.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Само да видам“ беше одговорот на младото момче кое најверојатно беше чирак.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Можело да се поверува дека сака да види нешто во далечина, двоколките поставени една зад друга и терачите на тие двоколки или нешто друго, село или селце кон кое го водел патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога му стори абер овчарчето во Будимерци дека нападнале и други чети во неговиот „пашалук" тој ги поткани прилепските војводи да го придружат, да видат кои се овие сега што нападнале во Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Утре дојди да ти раскажа шо те интересуа, — ѝ одговори кратко Тода и си влезе дома да види дали ѝ се вечерани и заспани децата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги чекаше аџи Герасим службениците и чаушите, ама накитот од вратот и прстите на жената сѐ повеќе се намалуваше, и кога ибн Бајко се наведна врз дупката да види што се случило таму, пред очи му излета една белегзица право во рацете на воскарот, летна како оцет да испарува и ја снема.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе подраниме во лозјата да видиме дали цути виновата лоза, дали заврзува грозјето...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Маренецот порача едно оро, ми се чини, за да видат дали ќе се фатам до него, јас имав обичај да се фатам до ороводецот, но сега не се фатив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Петре на тоа ништо не рече, туку почека гледајќи да види од нас ќе каже.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ќе погледаат во сонцето, па ќе погледнат во сенката за да видат колку им е скусена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И една вечер манукот ја собрал братијата и што да видат - цели крбли сѐ суво злато.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со темницава тој ќе ни е црн петок. Веќе била ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама, кога и тогаш Атиџе не се појави, стрештен си помисли на три работи: или таа си игра со него и се кикотка зад фереџето што не го помрднува, преправајќи се дека е некоја друга, колку да види до каде достасува неговата верност и приврзаност: или бегот ѝ забранил да доаѓа повеќе во амамот, зашто ѝ кажал дека ја открил: или пак таа не иде во амамот зашто е навистина болна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Прв бев тој, се сеќаваш, што се наведна тогаш над бунарот да видам кога пресуши.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
АНТИЦА: Ти, ако сакаш, говори со него да видиш што ќе ти рече, пак, ако сака, дојди говори со мајка ми.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Можев да видам низ сивожолта зачаденост како бодат и како сечат крвави и песоглави и знаев дека тројцата Турци дојдени во селото под знак на своја ламтежлива правда не личат на себе - разлеано месо и бедни крпи се под сенките на ѕверосаните луѓе што се здружуваат во глутница кога се борат и самите за своја правда, и можеше да се поверува дека од криците и замавнувањата пукаат плитарските ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ги трујам со апчиња, сѐ е чисто и не е прскано. Дојди да видиш во задниот двор“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Командирчето во мракот не можеше да види што е.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа повторно ги отвори очите и кога сфати дека сликата е иста, го погледна старецот со очај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стани, стани, да видиш како куќата ти се запустува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И ова речениците - башка сѐ исто, рамно идат, нема осцилации, не можеш да видиш ти се радува ли или ти се лути.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не смеам да се свртам, да видам дали останува нешто зад мене или сѐ е празно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку и да се сакаше, по отворањето на земјата и десталинизацијата, козјото прашање, нецелосната и неуспешна колективизација, да се потиснат на втор план, особено по раскинот помеѓу Тито и Сталин, со исклучувањето на Југославија од источниот лагер, со свртувањето кон Запад, во земјата позачестено доаѓаа новинари за да видат што се случувало зад „железната завеса”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Ванкувер поминавме два дена. Дури имавме и среќа да видиме една изложба со цртежи на Леонардо Да Винчи.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Слушај да видиш како пишуваа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А погледот вели: „Ќе му подместам“. Тоа е штедење во изразувањето. 136 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мислеше: да ја фатам планината, па да видиме кој кому ќе плати, стар сум, а и окото веќе не ми нишани; да побегнам некаде – нема каде, а и ако побегнам, тој ќе ми плати со крвта на некое од децата; да седне да чека да биде што ќе биде – ни тоа не му се сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
— Ај, да видам, велам и ми се разведрува лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Следниот пат одиме во Буф. Сега јас сакам да видам што од моите корени останало таму.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По враќањето од погребот, жена му на Мил преднаш побрза да го отвори ковчежето од Илко и да види што има внатре.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Јас викнав: Стој! Тој изгледа се исплаши и налутено од далеку ми ја даде паролата и ми вели: Јели другарице, одакле треба да заустављате? Јас му велам: Од свуда.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ме бутна до ивицата и ми го наметна чувството на вина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да видиме како изгледа долу“, му велам. „Нема што да се види“, вели тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веста на најстариот брат за пописот го собра сето семејство на чардакот. – Попис на козите, ја прекина мајка ми прва тишината – не ќе е на арно! – Тие сакаат да видат колку кози имаме па ножот! – рече еден од постарите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така ми велеше и ме прашуваше загледана во мене со широко отворени очи (така ми се чинеше во ноќта во која ништо не можев да видам, во која никој не можеше да ме види) поткрената на прстите за да може полесно да ми се вџари во очите (сигурно ѝ се чинеше дека така ќе го направи тоа), да го открие одговорот пред да изустам, пред да ѝ кажам кој сум.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да видиме што појадувал сабајлево. Чкембе-чорба, сигурна сум.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ние не можеме да се откажеме од тоа, зашто тоа име ни е свето како и верата. Да видиме дали е тоа така.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Иди, доведи тој магаре коџабашијата да видиме што ќе речит на овој лав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Низ отворената врата од плевната го глдаа крајниот горен прозорец од куќата осветлен и по сенките можеа да видат дека внатре се сноваат луѓе, но беше предалеку за да се чуе дали нешто зборуваат, па им се чинеше како оние таму да се кријат во завера.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Целото село се сјати да оди да види што чудо се случило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Бојано, Боцо, види да видиш шо су ти донесол!“ — вели тој, и ми а подава новата торба, влашка, со ново струнено поврзало.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не, рече бришејќи ги солзите. Не, тој нема да види од ова богатство ни грош.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но да видиме што е со детските желби?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не стаса да ја изусти и последната желба: да го стуткаат некако во винско шише и да го пуштат да се изнаплови по морињата, барем така еднаш да види море.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Со притаен здив чека да види дали ќе се отвори портата и кој ќе излезе од неа, а кога таа се отвора и на Градишки Пат излегуваат Васил Митрески, Недан Бозоски, Цветан Ендоски, Стеван Ѕвездакоски и заедно со нив и Максим (тој во едната рака носи долга тутурка од книга а во другата дрвено троножно столче, исто такво какво што донесе Јосиф) и кога и тие се завкачуваат пругоре по Зедница, зазорот се претвори во треска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пиеа и разговараа некое време, повеќето на заеднички теми, сѐ додека најпосле Ливајн не изрази желба да види како изгледа крајбрежјето под небо без ѕвезди.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тој треба да види и осети дека не е оставен од своите синови и да црпи од нив сили за натамошна борба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Жими десното око ако сакам од вас да печалам, — им се колне Петруш, а на свадбарите не им текнува да го погледнат десното око на Петруша и да видат дека тоа е шлупка ореова — истечено уште пред петнаесет години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„ЗАЛУДНО РАБОТИ - ЗАЛУДНО НЕ СЕДИ“ Ајде да видиме на што нѐ учи оваа народна поговорка и зошто некогаш некој мудар човек од народот ја изрекол па останала до наше време да се изречува и да нѐ подучува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Та по неа се управува и самиот наш дедо поп Трајко, кој ете, утре ќе стане кај полноќ, ќе излезе надвор и ќе ги фрли очите право кон Српјановец да види дали е излезена Деницата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На предното седиште седеше тој; беше свртен во полупрофил; ќелата му беше црвена, вжарена, брадата му беше накострешена; зборуваше нешто, но не можев да слушнам што; при говорењето, една жила на вратот му се затегаше и се дуеше како да ќе пукне; одеднаш, до мене доплови само откршок од разговорот: „Ти мораш да го пријавиш тоа, ако не го пријавиш, ќе имаш последици“, рече тој; рацете му беа спуштени под воланот; десната му беше подадена кон седиштето на совозачот; во еден миг се навали кон назад на седиштето и на другото седиште ја видов Луција; очите ѝ беа затворени, носниците ѝ се ширеа (и денес не знам дали е тоа возможно, човек од десетина метри, наспроти сонцето, да види дека се шират женски носници: дали тоа беше истата онаа слика на Луција од разбојот); по образите ѝ се слеваа солзи; да, сигурно видов дека Луција плачеше за еден миг, а потем престана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Напати само Уља ќе дојде да види што правам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Егото тој го победи, гордоста ја надмина, границите на своите погледи ги избриша, сега можеше сѐ да види јасно, затоа што гледаше не само со очите туку со духот, затоа што го достигна просветлувањето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Е, да ни дадеш и по еден ширден, колку за мезе. - Да видам дали останало од ручек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Утре е понеделник и ќе ти ги договорам сите возможни прегледи на клиниките, дефинитивно да видиме што е тоа што те измачува толку.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Некои викаат дека бошлав ќе излезе и ова; други тврдат дека не е никакво чудо ако се дигне цел народ како во Бугарија, Србија и Грција, трет вели: „Море, ако не беа Русјаковци, Московот, ни Срби, ни Бугари, ни Грци, никој не ќе го истераше агата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Царот дошол на кола без волови, а луѓето ѝ фрлале сено, заграби сено фрлале пред лимузината за да видат дали ќе јаде. 160
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да видиш- да не веруваш, особено ако имаш увид во работата на театарите во внатрешноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сè околу него, до каде што му стигаше погледот и подалеку, каде што не можеше да види поради свијокот на земјата и дрвјата и другите пречки, сиот терен му беше познат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
– „Шоана, али навистина е ова, али на соне; види сега и децана да ме познават и на име да ме викаат, чудна оваа работа ќе биде; ај да видиме Господ што ќе каже“, си велел сам во себе и влегол у човекот дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
НАЦА: Па, чорбаџи, само два-три.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Утредента учителката им рече: - Покажете ги сега блокчињата да видиме што сте нацртале!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас сина да видам - ќе жртвувам живот, копнејќи; сили со радост ќе зберам.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
— На кого?... На тој што го имаше и досега, — на султанот, — потфрли и не сакајќи Сарафов, кој веќе беше решен да се прибере во своето гнездо во Софија, каде што го чекаше пријатен пречек на неговите работодатели и награди за успешно свршената работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И, што да види: автомобилот стои скоро попречно на калдрмата со отворена врата од страната на шоферот, а позади него настрана падната чеза и коњот кој виси малку подигнат над улицата закачен за неа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Чекав да видам друго, сонував зрелост на 'рж во плетенки, два златни блиска преку ленена кошула, и сонував очи што беа пред тоа над мене додека лежев под дебелата, покривка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекаме да видиме која ќе падне прва.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Да ја испржевме и да го натопевме, па да видиш како ќе се лизгаше низ грлото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Збирката ќе му даде можност на нашиот народ да види со што ја обогатил својата умотворна ризница последниве неколку години и ке ги раздвижи неговите творчески сили на тоа поле.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Тука посетителот, оттргнат од денешницата, очекува да види нешто сосема ново, изненадувачко.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Така ќе ја залажев болеста, вели, ќе ѝ ги затворев очите да не може никого да види, никому да му се доближи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На, направи ако сакаш да видиш каков е. Лице има убаво, ама за пусто пиење ич не чини, ти велам — како слама е!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Да видам колку можам долго да спијам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ниту врапче да видиш, ниту врана да прелета, ниту црцор, ниту грачење, само шумолење на дождот...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Стоел под дрвјата и можел добро да види.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ете, луѓе, работата што ја свршија Хаџи Ташку и дружината, ние му ја претставивме на небето, по тоа сѐ тики има очи да види и ум да пресуди, вели Максим Акиноски кога го завршуваа обредот и затварајќи ја книгата и гнетејќи ја потоа в пазува под мишки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да ја сврти главата и да види какви се, би било незамислива лудост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да видиш што е лесно тоа боцнување! Веднаш ќе помине!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Пули да видиш како пиши... Пожолтена е хартијата, ама буквите црни и читливи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И што да види, лисицата ја нема.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Прекинувале само колку да се напијат вода или вино, да прекаснат нешто, да видат колку е саатот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Околу него ќе се зберат луѓето да видат како телото ќе се залула на јажето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ајде, земи стол и седнувај да видиме што добро те носи?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ти не можеш сѐ да видиш, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Чекајте, застанете, да видиме кои сме, од каде сме и накаде одиме вака, ако воопшто одиме!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тука требаше да ја мине реката преку една греда ставена преку неа, но кога дојде што да види: гредата ја нема!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во мрачната просторија, веднаш спроти вратата мижеше со дневна светлина едно запрашено прозорче колку окно така што ништо не можеше да види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иако се наоѓаше три или четири метри далеку од него, можеше да види дека кафезот е поделен по должината во два оддела, и дека во секој од нив има по едно суштество. Тоа беа стаорци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите се кренаа, само јас не, ми беше незгодно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Шефот ми ја земаше само кога одеше да им покажува на другите единици да видат како треба оружјето да се одржува.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
— Ќе причекаме, деца, да видиме белки сами ќе се ископелкаат некако.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А Дочка така сакаше. „Море, ти само носи Ило, та да видиш Доца што мајстор е за правење и за јадење!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дубровчанецот ги собираше рамењата: „Појди. Но колку да видиш дека е вистина ова што ти го велам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Е, земи де, ако ти држи? Крчето попово ми a даде да та а донеса! — рече Тода и ѝ се втренчи во очите да види какво дејство ќе направи оваа нејзина постапка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чекаме да видиме како е таа работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сега да видиме дали од гледиштето на другата, т.е. Јагиќевата теорија за образувањето на јужнословенските народности може да се објасни со настанувањето, при сегашните политички околности, на една нова македонска словенска народност?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се засрамив како да сум направила нешто лошо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Стани, сестро, момчето друга невеста ти донесло, стани да видиш.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Копавме дупки за Парк - шумата на првачињата, а кога завршивме тие имаа пауза па отидовме да видиме - до Вардариште отидовме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ела, - му рече насладувачки полека, - Ела да видиш чудо невидено, - му рече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од другата страна на жицата имаше молк.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имам подобар план: да видиме првин што ќе биде со Колета.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се замисли малку и одмавна со раката. - Те лажам. Оди си. Сакав да видам дали се плашиш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мислам, во секој момент можеш да излезеш на улица и да видиш некој тип како разговара самиот со себе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Аргир замолче. Наежен, гледаше откосо, како сардисан волк, чекајќи да види од каде ќе почне нападот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Си можел да го ставиш моето име таму, помеѓу името на сестрата на жена ти, и името на кученцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На првиот лаеж тој застана, се потпре на стапот и се провикна — „Убре е е, ааа! — но веднаш се вслушна и по лаежот разбра дека пците лаат на човек; завјаса, колку што можеше, нагоре, да види на кого лаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Или пак еднаш оние луѓе отстрана ќе мораат да го откријат сето тоа со нив; што доаѓаат да видат како е во нашава Задруга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му останува да тргне да ги бара, да ги најде и да види што ќе направи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Ти си учел... ајде де. Ами ти, братко, кај мене да дојдеш, да видиш што е наука!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Повели, чорбаџи Јован, еден кафе да видиме дали убав направило Катето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да тргнам малце, да видиш како ќе дотрча. Таму пие кафе.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Само да види шише или паурче и ќе го фати, ќе се опијани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе седам и ќе се пофаќам по нозете, по ребрата, по слабините. Да видам да не имам нешто скршено, шинато, скинато. И таму, на скали ја предремувам ноќта, ја измеризувам. 245
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И да видам, јасно, од каде идат рибите што ги јадам. Но, не ми се даде.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му велеше да не оди на југ, туку да остане и да види како луѓето весело ја дочекуваат Новата година.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Крај огништето седнал Карабуклијата со некој комшија, го спотиња оганот и вика по снаа му да донесе борина да види кој дојде по мракот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м'сне ала" некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вистина е дека јас отидов на местото да видам дали навистина таму има коски како што тврдел Симон.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се скина некаде жицата и не побараа да видат кај се скина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му ја гледам раницата и му ја земам. Посегнувам да видам што има внатре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа ја фрлив пушката и прво сакав да пристапам кон директорот да видам што можам да направам, ама се премислив.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Прво Танаско и Пена рекоа дека кога се тука не ќе е добро да не скокнат до кај Митра и Чана да виделе дали Дончето стигнал до небото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не можеме со ламби и фенери да ги бараме одговорите, во рамките на нашите души постојат гласови кои ни ги даваат сите одговори, ние самите најдобро можеме да ги лекуваме нашите најдлабоки рани, да ги надминеме нашите ограничувања, нашите пречки и предизвици и да видиме каде нашата душа копнее да оди.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги крена рацете нагоре за да види дали има кругови од пот под мишките, какви што еднаш виде кај една водителка на телевизија. Кај Ема немаше ништо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зел една урма - ја растворил и што да види: во урмата имало црвец.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да видам што е викањето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Да видиме, - извикаа гостите, - ако умее, тогаш нека ги изброи карамелите што му ги донесовме.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На Митровден, а може и порано, чекајте не со свршена работа. – Де да видиме што ќе излезе од ова – изусти беглербегот и се согласи со предлогот со аџиите, давајќи му упатства на заповедникот на аскерот да работи смислено, да не ги испушти случајно затворените бунтовници, та да плати со својата глава за нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ова што идеше беше последно што требаше да се стори та да видат каква ќе им биде среќата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги ставив, и да видите - сѐ се стиши околу мене, веќе не ги слушав козите како брстат лисја, не ги слушав цицингарите по блиските угари...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе пати одев кај дежурните, сестрата и докторот, да дојдат и да видат што се случува. Како и секој ден ти донесов разни јадења, те молев да јадеш, но ти ме одби.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Трчам да видам што стана со митралезот на десното крило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби беше правилно предупредувањето на Агна, кое ми го соопшти откога ѝ пишав за почетокот на работата на бунарот, дека е подобро да не се сообразува човек со желбите, како да се исполнети, пред да види што вели животот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да зборуваме за нешто друго... Што правевте вчера во Скадар, кај отидовте со толкава љубопитност за да видите некакви турбини со своите очи?“ „Ништо“ рече инженерот. „Освен што фрлив поглед на некои сомнителни работи околу браната, сето друго време го минав барајќи една кула.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Човекот кога ќе се најде најпосле пред тој ѕид исчезнува далечината кон кјоа одел и веќе нема што да види понатаму.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Да види дека сум силен. Инаку - другари сме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Не си можела да го видиш, ми вели Манол Форевски, немало што да видиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во таква ситуација на Британците им останувало само да чекаат и да видат дали таа одлука вклучува во себе “некоја балканска федерација или само некое мало спојување со Бугарија во советската орбита“.369 На 10 декември 1944 година Главниот штаб на сојузничките сили добил информација дека “ЕЛАС добива оружје, муниција и помош од симпатизери во Бугарија и Југославија“ и барал од 37 воена мисија “да се преземе истражување...и ако е можно да ја спречите таквата помош на ЕЛАС“370 Меѓутоа, во телеграмата од 11 декември се барало “во случај извештаите да бидат вистинити“ да не преземаат “енергична акција“ како што се барало од нив, без претходни инструкции од британската заднинска воена мисија на Фицрој Маклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Вечерва е Нова година. Ќе те водам да видиш нешто.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Само да посакаш да видиш самовила, коњче или еленче - и ќе видиш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таа се вознемири и како и повеќе луѓе на улицата се затрча да види што се случи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се искачи на брегот да види дали од сливањето на дождот во дувалото ќе има поголема пареа и да види дали температурата се покачува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Слон да видам како лета, ми се чини дека не би се зачудила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Сакаш да речеш дека и Генералот е твој!“ ѝ вратила бессрамно Рајна. „Па и мој е да видиш“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да видиме кој што заслужил за овој ручек.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
73. Владата просто сака да нѐ избави нас од празни надежи. Ако е сето тоа така, тогаш со што може да се објасни политиката на Русија по прашањето за Фирмилијана? – ќе се запрашаат некои. – Јасно е оти таа е србофилска. – Да видиме дали е толку јасно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се понакашла иако не му се кашлаше, се заврте на другата страна, нели — се разбуди дедот Ристе, стана да види оганот дали не е угаснат, фрли еден — два страка борина на жарот, се зачури, дедот дувна, борината се запали и куќата светна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ден квечерината, беше сабота, и јас собрав храброст да видам што се случува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да имаш нос значи да можеш да намирисаш нечие присуство или да сфатиш каде си и со кој си, всушност, предвреме да видиш во што каша си заглавен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ај сега сестро, да си ми жива и здрава и да славиме многу пуримски славја”, ја кревам чашата со лимонада.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А Манасија беше госпоѓа и згора на тоа вработена во банката, па секој што ќе влезеше да си го наплати долгот можеше да види со какви извалкани зборови Бундев се служи кога настојуваше и вујна си да ја замеша во своите грди фантазии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Што да видиме?“, прашав јас. „Пред сѐ за куќава“, вели тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во еден миг ги кренав очите кон облаците, кон небесата и што да видам?!!
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беше тоа застрашувачка болка, затоа што не можеше да види што се случува и имаше чувство дека му е зададена некаква смртна повреда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се превиткуваше Илко но не се даваше: наутро кога ќе станеше, тропаше, кашлаше, да видат дека е жив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не можев да слезам долу и да видам одблиску и со рака да пофатам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некои од нас не можеа да му одолеат на искушението да излезат и да видат што се случува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тој само за едно мислеше: како да се покаже, за да видат сите дека нему не му е до пари.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе се свртам да видам кој вика и тогаш ќе се фатам дека јас сум викала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, доаѓај веднаш да видиш кого ти водам на гости.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Питропот Танаско често се допираше до вратата, наслушуваше да чуе дали чука, дали работи: ако не чуеше чукање, ќе ѕирнеше низ клучалката да види што прави.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Божем случајно се среќава со еден абдал и како божем нешто да му рече, да не му рече, не можев добро ни да видам ни да чујам, а во меѓувреме се надјов да гледам што се случува еден друг ден изутрината кога луѓето одат в црква.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Туку да бараме некое чаре, да се поприбериме поблизу до границата, да видиме ќе има ли некоја надеж оттаму или да се прибираме внатре, — проговори како со туѓа уста Тренков.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да видиш само колку весели бои имам кладено на себеси а не им е моментот!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сакав да возам велосипед, но не можев да видам како тоа го правеа другите, професионалците, вистинските натпреварувачи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го вратија во деновите, кога копнееше да истргне со трубата звуци, какви што никој не чул, - да засвири еднаш сам, - сите да видат кој е и што е тој...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
— Ајде да видеме шо машко ќе излезиш! — се согласи Толе и го праша: — Имаш ли пусат, шо било, или ќе треба да земам од некој заптиа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога живееш сама во куќа, кога ќе си дојдеш дома го проверуваш каменот покрај влезната врата за да видиш дали бил поместен во твое отсуство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога во еден миг се опулив во дното, има што да видам, си ја допивам сопствената сенка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тие како возрасни чекаа да видат што ќе биде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сакам да кажам, мене никој не ми даваше во раце штотуку родени бебиња и ми дозволуваше на нив да ги вршам моите чудовишни експерименти. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 125
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Туку ќе крикне некоја жена: — Вот нашла, вот нашла!62 И ние ќе отрчаме да видиме што пишува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пискотниците на жените ги слушнаа Трајко и Куле, кои се вратија од испраќањето и се загнаа да видат што се направи дома во кошарчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кралот бил восхитен од умешноста со која неговата сопствена тема била отсвирена на импровизиран начин, и, веројатно со цел да види каде се границите на таа умешност, изразил желба да чуе фуга во шест гласа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа, навистина, се должеше на смаленото количество на вода во бунарите и чешмите, но и на недостигот на време и на табиетите на редовниците - жените кои во екот на полските работи бидуваа задолжени да се грижат за домаќинствата, за децата и за домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Татко ми погледнал назад, мене ме немало, само веленцето празно како лушпа. бргу се симнал од коњот и ѝ рекол на сестра ми која имала шест–седум години: „Борке, седи ти тука, јас да видам каде паднала Милка“.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еден од нив забележал дека месото на граматикот сосема се распаднало, а очите му биле сѐ уште ведри и полни светлозрачен лач, како да видел откровение божје, а не успеал да го соопшти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пушката беше тешка, англиска, а подоцна ја сменив за италијанска.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тлееја Македонците и на грб нејак влечеа крвава двојна робија: едната како славјани, со јазик туѓ и негрчки, другата како аргати што сакат да прегледаат, да видат бел ден радосен, заедно со народите на Балкан братски здружен во една федерациа.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
И да видите, луѓе, фатија место Толевите совети.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите негови другари, освен Орце, кој бил дежурен во визбата на бакалницата, седнале во близината до пристанишната кафеана за да му мавнат на Шатев за последен пат и да видат како ќе започне да се остварува нивното дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не дотраја, не дочека да види дека научив да делкам, и дека не треба од срам да ме продава на ѓупци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сепак на една од двоколките, на својата, лежел истоштениот малодушник Неделко Шијак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Најпосле, и Илко се прибра и право трга долни крај да види дали имаат слама добиците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Треба да видиме“, му велам, „дали ќе наидеме на коски или на други остатоци“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Заслепителна светлина од џепна батерија му пречеше да види кој е.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И дојдоа, во најмагливата ноќ во декември, со сопствени возила колку што вкупно во населба немаше, а мајка ѝ ќе пукнеше од мака што соседите не можат да видат колку бакшиши ѝ донесоа на „нечесницата што се дала пред брак“ и колку букети влегоа во бараката и, замисли, по два, еден за свршеницата, а еден за „госпоѓата “мајка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Учителот правеше пауза да види како го следат и продолжуваше: - Жителите се од словенско потекло... Македонци... Ќе се уверите и самите...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, бидејќи ич, ама ич не ја сакаа дека беше Македонка, уште на погребот со иронија ѝ рекоа: „Ајде да видиме колку долго ќе бидеш богата вдовица“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сфатив дека тој не сака ние да ја видиме таа книга и можеби затоа станав уште пољубопитна да видам што е.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но волкот, иако можеше да види секое негово движење, ни сега не се помрдна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Видов: Светлоста доаѓаше од многуте очи на Мортенија. Малите рефлектори личеа на волшебни кугли. Не трепкаа, си ја менеа само бојата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Таа не може да ги заборави погледите на тетка Маре и баба Рада, кои беа единствените поканети од целото маало и имаа можност да видат што ќе се случи во ресторанот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од овија записи можеш да видиш од кој род си порекло од кој сум и јас. Со гордост треба да гледаме на наш происход.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Стани да видиме кај сме!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Дајте да видиме какви новини ни носи тоа Волшебно самарче! - рече Планински.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
СЕЛАНЕЦОТ: Та, ако не ја тепаш, таа тебе ќе те тепа... И има право сиромашката.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Најде голем и цврст стап на патеката, го крена, го изгледа и удри неколку пати по тревата лево и десно од патчето да види дали ќе се скрши, не, не се скрши, ама тревата ја сечеше како срп сѐ до коренот и така, удирајќи лево и десно по патчето, загледувајќи се по крошните на дрвјата од каде летнуваа куп птици преплашени од мавтањето на стапот, туку одеднаш се најде на една ширинка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нека речат роднини и пријатели оти најстана Доста изгледала чупа и свадба направила. Co тие зборови Крчо си излезе низ мала врата и околу мракот пак намина да види дали се свари пилето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вечерта одам на меана, да видам да не заседнал таму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја изведов точката беспрекорно; на еден необично, гротескно висок кревет, што го бевме направиле специјално за таа намена, лежеа, во прегратка Луција и Земанек, а јас со скалата, потпрена на ништо, во воздух, се обидував да се качам и да видам што прават; јас бев, наводно, глупавиот сопруг на Луција, а Земанек нејзиниот љубовник. Луција П беше Петрунела.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во мигот кога заглушувачката врева ќе ја достигне својата кулминација и ќе стане неподнослива, гатачот го повикува домаќинот да ја отвори вратата: Отвори бре домаќине, запали кира борина, врзи си гаќи в темнина да видиш лика и прилика да видиш наша невеста, како лепетит, како треперит, како полска пеперутка, како прилепска мандулка.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А оној рече само уште: - Ни треба за да видиме до каде може да се стаса сам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можев само да маневрирам, да видам оти транспортерот само мене ме следи!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Истите тие „кладилничарски џанкери” откако ќе го пополнат својот тикет наликуваат на најголемите џанкери од Кисела Вода и како млади зелени мајмуни трчаат во своите домови да го вклучат телектекстот и да видат шо напраиле.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сега и овој е упропастен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Занемено, жмиркам, дремам Под мене тепих од ранки рози Мечтаам да видам уште едно сонце Два паралелни универзума во осмози Свет како нашиот, само посовршен И овој пејзаж, питорескен недовршен И овој в тревата на штурците шум И оваа роза со трн да ме боцне Ќе треба За да излезам од сопствената пародија За да излезам од сопствениот ум! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Мајката Роса со Деспина наминаа да видат како се сместила Пелагија, да ѝ се порадуваат на малечката Пелагија со која Деспина води долг разговор, а да се запознаат и со тетката Перса за која од устата на Пелагија излегувале само пофалби.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
— Ете, дојдов да видам што правит мојот раја, мојот работници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, бидејќи не му бев одговорил а помина поприлично време Пачев ја тргна раката од моето рамо и седна на креветот. – Подобро ќе беше да ја фрлиш в оган а не да ми ја донесуваш. – Секој ден идевте за да видите како ѝ напредува работата на Пеперутката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И ние ќе го побараме Најда, да видиме шо направил тој пезевенк — му одговори Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе мораме да се прибереме во внатрешноста да видиме што ќе стане.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ајде“, реков, „оставете ја таа работа. Овде сме да се видиме како стари пријатели, да видиме кој со што можеме да си помогнеме...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сакам да видам дали ми стои, да се осигурам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е стадо кози, кога слегуваат од Галафската гора; забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; усните твои – како алова панделка, а устата твоја слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ти е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ти се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Таа: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Тој: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Патувале со три натоварени маски и кога ги стемнило, легнале да преспијат на раб од мочуриште. Таму ги стасала клетвата на девојките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сврте лево-десно, да види дали некој не го гледа, - па повторно истрча пред портите, весело си засвирка и се стрчна удолу низ улицата, од каде доаѓаа весели детски викови...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се стаписа на местото, се подисправи начулувајќи ги ушите како куче и прво помисли на страната на којашто можеше да очекува опасност па помина со погледот по мракот над високите ѕидови густо обраснати со капини и скреби каде што ништо не можеше да види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Исто така и со раката на истите места фаќам и, ако сакаш да видиш, ќе видиш дека на тие места е фаќано.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Некогаш доцна можеше да види и едно бесшумно приближување на уште еден тих волк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)