да (сврз.) - втаса (гл.)

Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На нивните врсници и другари од класот им требаше уште малку време за да втасаат до фазата за да можат себеси да се наречат зрели.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега, или попосле, неговата мисла мораше и од оваа посока да втаса до нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да месиме леб, па дури да втаса за размесување, ти да појдеш до црквичето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Петлите си знаат уште во темните темници да ги скорнат домаќинките, лебот да се меси, да втаса, да се пече; манџиче да се зготви, софрата да не биде празна - Да не тропа лажицата во празна паница!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност оваа постапка на Грофот ме потсети на случајот со нашиот одговорен уредник, кога тој истрча од канцеларијата пред нас а ние петмината соработници се стрчавме по него и го протрчавме речиси половина град, вклучувајќи во оваа натпреварувачка патека и добар дел од главната улица за да втасаме барем во исто време кај компетентното лице во Реонскиот комитет за да ги изнесеме причините за неизвршената задача.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаеш, пред очи ми беше сиот пат што сте го врвеле за да втасате дури до Костурницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Росана ја сретнав на влегување, пред да втасате вие, - вели Вртанов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сакаше да прекине со „испитувањето” поземајќи книга од библиотеката, но Мајка продолжи: – Пред да втасаат грчките војници во куќите каде што се вееја италијанските знамиња, тие беа заменети со грчки знамиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)