да (сврз.) - гасне (гл.)

И потем ми подаде рака, ми помогна да станам, да се наместам и потсуредам; го фрли шишето во една грмушка и јас дури тогаш видов дека сонцето беше паднало ниско, и дека денот полека почнал да гасне.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Доста ни е од такви Дости, вели војводата, зар и разбојници да прибираме, вели, и наредува да го врзиме, да го мочаме. И ние сите му се изредивме. Како да гаснеме запалена вреќа со ќумур.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Деца, - ни свика учителот, - излегувајте бргу да гаснеме! Се запалила плевната на полјакот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како да гаснеше, но неговата жилавост беше сигурна во својот живот, а тие Мануш и Авел, долгоноси и бели, се намалуваа очајни од едно невидено и нечуено пиење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Почнаа да викаат за помош, се разбудија соседите, дотрчаа, започнаа и тие да помогаат, да влечкаат садови со вода, да гаснат; се фрлаше вода на пламенот кој сѐ повеќе се ширеше и ги зафаќеше сувите плотици од чардакот и се качуваше нагоре кон одаите; коњот исплашен во кералот, напна на оглавот, го скина и излезе низ запалената врата бегајќи и 'ржејќи панично.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Трска, со тие негови долги нозе, за миг се најде крај Окомен и, како да гасне догорче од цигара, со петицата му ги здроби очилата поднати недалеку од него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кај се пожарникарите да гаснат?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)