да (сврз.) - голта (гл.)

Секаква угодност, како и храната ми се чинеше нешто навредливо, просто не можев да голтам...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Почна да голта полни лажици од манџата, во чиј густиш имаше коцкички од некаква розеникава сунѓереста материја која веројатно беше некаква преработка од месо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А месото ни солено ни пипрено. Сол се нема ни за в очи. А несолена уста и вода не бара. Ја пиеш, а како осилки да голташ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Додека Костадинка, Коца, растеше во нејзиниот мев, брчкајќи се во нејзината лошотија, која се дуеше како Тодора со оки да голта воздух, ибн Бајко се прчеше: ете, ѝ го најде лекот. Но, пак се прелажа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И Здравко малку подголтнува, ама тешко, одвај ја подзема водата. Ко опчаница да голта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)