да (сврз.) - граба (гл.)

Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека повеќето од тајфата одеа пешки, вооружени со пушки, со стапови, со крстови а стапови и со торби, за да имаат во што да грабаат од народот, сам тој, Партениј, јаваше на бел коњ, сиот позлатен и накитен со мониста и со пувки од коприна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дома не најде никој. Изгледа дека сите домашни беа истрчани да грабаат злато.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)