да (сврз.) - дигне (гл.)

А, само сум заборавила да дигнам рачна, ама затоа сум се сетила да „избацам“ од брзина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Знам, вие не сакавте да дигнете рака, ама ете и јас грешив малку, сега пишман го правам, ама тој беше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама и овој ред не заборави да дигне: од кого лира, од кого франга — (од бегот — пет!) да ги задоволи утрешните нивни посестрими.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Изразувајќи недоверба во можноста на Револуционерната организација да дигне општо востание и да постигне некакви резултати, гемиџиите редовно ги истакнувале тешките последици за населението од предизвикувањето на едно недоволно подготвено востание, сметајќи дека со нивната лична саможртва и без учество на широките народни маси ќе се постигне повеќе.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Туку... ние рисјаните се чудиме како се решивте да дигнете рака на силниот ислам?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тој ќе умреше без да дигне и најмалку прав.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа ако сме сложни, како што вели народната поговорка, „и планина можеме да дигнеме“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)