да (сврз.) - допре (гл.)

Во изборот на облиците на уметничкото изразување очигледно учествуваат некои други диспозициони фактори со психолошко потекло, сѐ уште недоволно познати, кои дрогата само ги енергизира или збогатува со нови содржини, олеснувајќи им на бројните несвесни содржини да допрат до оној дел на личноста, познат како Јас, од кој можат да бидат препознаени во симболична или конкретна форма. 156 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И до каде што може во времињата да допре со паметењето, тој не си спомнува за ваква страшна и болна, кобна и тажна, ужасна и потресна глетка што сега се распостелува пред неговите очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И каде најинтимно можете да ја барате судбината ако не во сопственото срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најголема трагедија е да видите многу од светот но сѐ уште да не успеете да допрете до сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакаше со нив да го сподели расположението од среќата од последното читање кое не можеше да допре до неговите пријатели...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Понекогаш со часови ја виснував главата над нив, а ниту една буква не успеваше да допре до мојата свест.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Никој не можеше да допре до мојата душа и срце. Бев стегната како студен камен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше очигледно дека се запрепасти од тоа што го слушна од Ема: „Со нејзина помош вие се обидовте да допрете до мојата приватност.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но кој ќе излезе накрај со таа питомост која и ни овозможува да преживееме, речиси во истиот момент си реков себеси дека можеби Ана (дека можеби Маргарита) нема да се симне на Монпарнас-Бјенвени (и не се симна), дека нема да се симне на Вавен, и не се симна, дека можеби ќе се симне на Распај бидејќи тоа е првата од двете преостанати можности, па кога ни тука не се симна и кога сфатив дека останува уште само една станица каде што би можел да ја следам наспроти последните три каде што веќе сѐ би било сеедно, пак ги побарав очите на Маргарита на прозорското стакло, ја повикав од таква тишина и неподвижност што тоа мораше да допре до неа како зов, како бран, ѝ се насмевнав со онаа насмевка која веќе ни Ана не можеше да ја занемари, која Маргарита мораше да ја прифати иако не го гледаше мојот одблесок камшикуван со полусветлото на тунелот што веќе избиваше на Данфер-Рошро.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А.А. гласно, како во Атеистичкиот музеј, го изговори последниот збор од реченицата „иднина“, сигурно за да допре и до слушното поле на Х.Х.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мачорот повторно испушти тажно мјаукање, полно со чудење што доаѓаше од некоја забавена лутина, што избиваше длабоко од него, каде што припитомувањето сѐ уште не беше допрело, а можеби ни по милион години нема да допре дотаму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Покорно, дури со молба (во очите трепери солза) стапнува на столче, ниско само три педи, колку да се затегне јамката и колку да допрат одвај врвовите на прстите до подиумот...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој е таму, внатре, во некој свој простор каде што јас не можам да допрам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Душманите ја држат нивната снага само однадвор, а до она што е внатре имаат ли моќ да допрат?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Првиот, што можам и денес да го распознаам и за кој по нешто и знам (иако го пресретнав уште таму, на вратата од почетното распознавање на животните знаци), беше оној: дека сум најдена под високиот брест на тромеѓето помеѓу Моинци, Зрново и Подлог.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или, гласовине, што не избираа ни час, ни време, дури ни патека само за да допрат до мене биле и нешто друго освен нашепнувања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Почувствував дека не можам да допрам до размислите на Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
До нив не можеше секој да допре, да ги открие нивните значења.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
АТМОСФЕРА и тато те сака, на Ацета му пријде треснага по њушку Седиме на маса, поминуваш низ врати све за едну смрдлу што више нејќе да ми кафето пред нас, без да допреш квака, дава. од гравот што го јадевме со здравјето си добар, Силно га поткачи, скрши си га руку испуштаме гас. немаш никаква мака, успеја само лице да му испрскам с’с вотку од зараза се плашиш, пун кафиќ људи испразни се за час Седиме и молчиме, не подаваш рака, к’да Аце одеденпут извлече мотку. јас цигара пушам, и добро си дете, ко скот ме гледаат, секој те цени, Аце, Аце, ти господ, ти цар исправено одиш, со чадот ги гушам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Козичката можеше силно да мекне, над својата моќ, да екне нејзиниот глас низ планината, да допре до господинот Сеген за да дојде и да ја спаси, ама тоа не беше можно, ниту во приказната.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да мижам значи сета слобода на гледањето да ја препуштам на моите прсти таму кајшто душата се сместува бесшумно, како во име и излегува надвор да допре и да ја допрат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не знам, мојот млад пријател, дали и колку би можел да допре до овие мои размисли за некогашниот Пасаж? (Дури и гласовите на продавачките што некогаш шетаа зад витрините повторно се овде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Очите не му трепнаа ниту еднаш, рацете сакаа да допрат но не се осмелуваа. Сакаше да потрча но не потрча.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Само таква поезија можете да сфатите, глуперди, и само ваков речник, нагласено директивен и конкретен, може да допре до вашите атрофирани мозочиња кои ионака сте ги заборавиле, еднаш, некогаш, на бербер?!, не ни памтам, важно сум итар и ужасно мразам сѐ што не разбирам. Така треба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)