да (сврз.) - допушти (гл.)

Мразам да плачам. Мразам да пребарувам по организмот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но освен нив, има и политички причини што никојпат не ќе ѝ дадат на Србија да допушти да се реши македонското прашање во полза на една од балканските држави, особено во полза на Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не смееш да допуштиш да бидеш избирана. Не си предмет од витрина или на аудиција.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас не можам да допуштам Турците да не се поучат од него: јасно е за секој, па и за Турците, оти Турција не може повеќе да ја зачува Македонија ако продолжува со истата политика кон нас што ја водеше досега.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не може да се зборува за „искривена комуникација“ или „искривувачки идеи“ без верување во објекти надворешни во однос на дискурсите, и објекти способни да бидат прецизно или непрецизно, научно или само фантастично, претставени од страна на овие дискурси. Нешто сепак морал да допушти.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој поскоро ќе пресвисне горе крај орманите, барајќи визит-карта, отколку да допушти со картичка да одговори.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега да допуштиме да се и Македонците Бугари и особините на македонското централно наречје да се исто: толку бугарски колку и источнобугарските.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)