да (сврз.) - достигне (гл.)

А тоа не можеше да го направи зашто не можеше да достигне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој чувствуваше дека е студено и дека шинелот го нема, почна да вика, но гласот, чиниш, немаше шанси да достигне до крајот на плоштадот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И така, сонот на моето среќно враќање во родната земја се судри со морничавоста на идеологијата која не престануваше да ги меле човечките души и животи и се закануваше да достигне до синдром на невидено жртвување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И нема место каде би можеле луѓето да се разладат во дните кога температурата знае да достигне и над 30 степени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)