да (сврз.) - заигра (гл.)

- Цената на станарината ќе биде топла вечера каде може да заигра лажица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Каде си да заиграм по тебе оти ти и зората сте две виолини во исчекување.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Таман што кумот ја крева ногата да заигра и зинува да запее Антица се пушта од орото и почнувајќи од кумот та до кумата и старосватицата им бацува рака и потоа се фаќа на орото.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
При толку многу нова светлина клепката ми се отвора како златниот капак на џебниот часовник и не може да ѝ се изначуди на глобалната празнина на хоризонтот во која ласерските зраци се мачат да заиграат чочек.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Мартин во првиот момент не знаеше што да прави, беше без волја да заигра, но сепак ја подаде раката кон едно од децата што бегаше тој момент крај него и успеа да го допре.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Туку, дај од петочново гравче. Два дена сум на сува храна. Сакам лажица да заигра.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- А сега? - И венче да си сплетам? И коси да си расплетам? И танец да заиграм? - За кого?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)