да (сврз.) - заминува (гл.)

За нив како да заминував на пат од кој моето враќање требаше да им ја донесе ветената радост, трошката среќа во осамата крај морето близу пустината!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако воопшто постои поетско исцелителство, тоа мора да се бара првенствено во вокалите, во тие најпречекливи, најпросторни и најкомфорни гласови во кои најдолго може да се биде, но и најдолго да не се бива,.. во кои зборот најдолго може да престојува, но и низ кои мора да мине кога да заминува во молкот. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- А можеби и не беше погреб. - Вујче се однесуваше, како да заминува на одмор. Таков впечаток понесов од разговорот со него - реков.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа и се вели дека вокалите (особено О) се најпречекливи, најпросторни и најкомфорни гласови во кои најдолго може да се биде, но и најдолго да не се бива,.. во кои зборот најдолго може да престојува, но и низ кои мора да мине кога да заминува во молкот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)