да (сврз.) - заплаче (гл.)

А тој, наизменично, удираше со цел замав, влечејќи ја кон себе прачката и крвнички загледан во моето лице, чекаше да залиптам, да заплачам, да лелекам, да врескам, да молам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И можеби затоа, кога пак погледна на Велика и Зоја, забележа дека поттреперуваат нивните бради, дека во очите им виреат и се вртат солзи, тогаш кај неа во градите нешто се прекрши, ја фати грч и ѝ се присака гласно, на сет глас да заплаче, да залелека, да заофка и коса да си корне.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѓорѓи слуша како тропа земјата врз кивурот и веќе не може ниту да заплаче, ниту да изусти збор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Оф, мамо, ми се врти во главата... Пак не ми е добро... - вели готов да заплаче ако се укаже потреба.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Конечно и кај нас дете да заплаче!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се прекрсти. „Треба да викнам некого, треба да се пријавам“, шепна како да се оправдува пред несреќниот крадец. „Треба, кога веќе оваа смрр не сака да ми ги наполни очите со земја и да ме ослепи.“ Клечеше и не знаеше зошто не може да заплаче. * ...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тетка ми со шамиче ги бришеше солзите, а јас во тој момент, веројатно поради начинот и содржината на сето тоа што го нареди не можев да заплачам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Му замалел веќе и гласот, нема сила да заплаче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лебот и сирењето ми паднаа од раце, в грло нешто ме стегна, некакви искри ми прелетаа пред очи, се стресов и сакав да заплачам, ама немав солзи, сакав да викнам, ама немав глас, сакав некаде да избегам, ама немав сили...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најлесно му е да заплаче. И Зоки почнува да плаче долго и оптегнато.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
О, кутрото дете, не смееше дури ни да заплаче! Да видевте само!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сака да заплаче, но вели: - Колачињата се од ништо!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потоа братчето се смири. И ние другите деца сега бевме готови да заплачеме поради името што го предложи брат ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Ќе заплачеш ли?“ запраша тој. „Мислам дека нема да заплачам.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)