да (сврз.) - запре (гл.)

Мајка ми тивко го молеше да запре, не се оди со глава в ѕид!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уплашените козари го молеа, го преколнуваа Чанга да запре тука, да не оди до крајот на расказот. Но Чанга продолжи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Плачевме, иако пред малку сите ни зборуваа да запреме веќе еднаш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Само дождот е здодевен. Никако да запре. Со денови врне.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Да запреш. Колата речиси удри со браникот на една шипка со патоказ „Дихово” („х”-то беше излупено од тенекијата со удар од камен).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оваа тајновита судбина, сосема спротивно, кога очи отвораш, станува легенда која танцува, оди без да запре, по стапките на незаборавот, како на почетокот, така и на крајот тука помеѓу, оди, без да подзастане во времето на искушението.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
„Набргу ќе морам да запрам“, си помисли.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тие нозе не запираа, не сакаа и не можеа да запрат во заедничкото движење во малото квадратесто шеталиште.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не може да се прибере човекот, не може да запре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кутри Донче Спискоски, ја испушта капата од раце и само се држи за градите, се префаќа. Му залетнува некоја осилка и му се кинат некои конци под рацете. Не може да запре, да се соземе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наеднаш нешто се смени. Времето како да запре. Како веќе да немаше ништо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Арафат им даде знак да запрат. Ме прегрна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој трага по песната- катарза, која ги повикува и едните и другите, во обединувачката меморија, за да запрат масакрите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш не му се обраќа во своето пеење само на палестинскиот народ, распнат на четирите страни на светот, туку се обраќа и на меморијата на еврејскиот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Притрчаа неговите бодигарди, дискретните чувари на редот и изненадувањата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Камилски, сепак, инсистираше Татко да запре ако не на најкарактеристичните во духот на нивната мисија, тогаш да избере барем еден, а според него ги имаше повеќе кои би требало да се внесат во листата на (без)опасните турцизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко насети дека Камилски секако мислел на турцизмот душман, душманлак, со најраспространето и временски најдолго присуство во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред да предложи да запрат со работата за тој ден, Камилски веднаш продолжи: Не можеше поинаку со инаетот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборот има неисцрпни значења и ретко кој би можел лесно да го искорени од балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вообичаениот замав на нишалото требаше да се случи само уште еднаш, а потоа да запре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Питропот Андреа вадеше од огништето запалени гламни, излегуваше на чардакот од куќата и ги фрлаше во водата за да запре дождот; цврчеше жарта, пиштеше пареа; го превртуваше ничкум секој сад што го имаше во куќата за да не зјапи по вода; ја земаше иконата на Св.Илија и ја вадеше на чардакот молејќи го светецот да му нареди на дождот да запре.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пак Оруш збесна, им свика на мајсторите да слезат од чатијата, да запрат; зеде неколку пакетчиња динамит што ги имаше за кршење камења за варницата, и почна да ги пали и да ги фрла во куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Немајќи каде да бегаат, луѓето ги молеле боговите да запре ерупцијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нема ли бел ден, нема ли ден да е над деновите, ден да е на аргатите - ден - с’лнце вишен високо ден - море ширен широко, с’лнце да запре, да стои и времето зачудено: срцето пука обрачи и плиска знаме алово, срцето што се отвора и шири ширно широко - целиот свет да загрне!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
По ударите и по одзвонувањата на алатите што ги употребуваше, шилести и сечевни глета, челични чивии „пунчиња“, запчести и рамни чекани, шкартели, шпренгли, скоби и други алати - знаеше дали е на добар пат или не, дали да запре на време и да не арчи попусто мака и труд.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сакаше да запре. Да влезе. Но, се предомисли.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не треба некој да ме уверува дека тоа не се одгласите на стравот, бидејќи знаев дека цепутката што го начнала лакот на бирото нема да запре каде што се наоѓа во овој момент.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ја гледам, седи на она столче до масата“, ми вели Трајчеица, „седи сета разотворена пред очите на оној мој сомун, а знаеш какви очи тој има, да извиниш; а таа зборува, зборува и не мисли да запре.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Им наредив на другите да запрат, но тие и без мене ќе престанеа.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И јас веќе не можам да запрам со плачење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никако да запре омразата меѓу луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По ослободувањето на Битола, на една игранка во Офицерскиот дом, сите да ме канат, а јас да не знам да одбијам, да запрам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми дојде душата, што се вели, ама врапчето што ми првна овдека, уште не може да запре, да ги затвори крилјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но кога запрело времето па и возот да запре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И цела вечер да не можеме да запреме со смеење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сакавме како дивјаци. Толку ни беше убаво што не сакавме да запреме.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И не чекајќи ни да запре возот сосема, на знак на Белича, обајцата искокнаа на задната врата и преку шините што блескаа од утринската роса, се изгубија во темнината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А од нив никој и не помислуваше да запре.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)