да (сврз.) - згреши (гл.)

Си го згрешила патот! - Но, соседе, како, како можам да згрешам.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ако ги видат да седат, некој може да почне да ги распрашува што и како и во зборувањето нешто да згрешат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И кога да видиш, тие граѓаните што решиле да дојдат тука, нема да згрешат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поправка нема. Човек може да згреши, Партијата не.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А гледаш: ги кати забите, па му растат ноктите и само чека да згрешиш некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може да се заборавиш и да згрешиш, сѐ може да направиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека нема да згрешам ако ги наречам и расапеани денови на слободата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Многумина им се радуваа. Или мене така ми се причинуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колку тешко се наоѓаат вистински зборови кога си во дијалог со болката и со нејзините резони. – Станува збор за такви околности кога ни се чини дека секој може да згреши - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
_____ 3 Пелагија, збунета од добрината на тетка Перса, уште неколку пати наминува кај неа за да се увери дека нема да згреши ако се преселат кај неа, односно, да ја увери тетка Перса дека внесувајќи ја неа во својот дом, нема да се покае подоцна.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Вака не ми е лезет чикнфрајд пиле зашто можам да згрешам некоја коска да фрлам во јардот и смокот да ми се задави и на самото место дед мртов да остане...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нема да згреши ако заклучи дека најмногу е своја во оваа просторија. Можеби и заради таванот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се случува понекогаш и да згрешиш. Таква ми е службата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И никако да се умори, да згреши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)