да (сврз.) - здивне (гл.)

Осаменоста, тоа чедо на сомнежот, неизговорена беспоштедност и сладострастие кое ни утехата не ја остава да здивне.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Да кажат - сполај Богородице, Свети Илија, Свети Никола, Свети Димитрија и загледани во нив со лес да здивнат и да таксат и пак да се молат и да чекаат, да се надеваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа беше причина џандарите да најдат нови жртви за тормозење, а Метакот конечно да здивне.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ги симна полека штиците, ги нареди на скелето и така испотен и задишан, без да здивне му се сврте на работникот и му рече со зарипнат глас: - А ти зошто навредуваш?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Братучедите, одвај дочекаа да се повлечат на своето место над карпата каде што можеа да здивнат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сега ќе имам време и да преспијам: првин трипати ќе се истрие со сапун, потоа со саати се облекува.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Само вака што ќе украдам — да се одморам малце, да здивнам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Нив тој ниеднаш не успеваше да ги најде и да ги погледне отворено; кога ќе ги побараше, застанат за да здивне, тие просто како да се стркалуваа, притискајќи се зад стеблата, за да наизлезат оттаму уште веднаш, штом ќе заминеше во новиот залет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пребледнуваше, а празнината, што му се таеше под стомакот сега му се рашируваше по целата внатрешност, сушејќи му го грлото и носејќи вртоглавица. Тој застануваше да здивне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На многу места по снегот веќе немаше ни капка крв, но затоа пак неколку десетини чекори потаму тој беше целиот натопен од некое густо крваво избликување, и Змејко знаеше дека неговиот пријател напред застанал тука во својата разоденост да си ја излади раната и да здивне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека застануваше да здивне и да ухне по неколку пати во своите црвени раце, сеќаваше како сѐ уште го проследува онаа парталава прилика на мршарот по него, но сега веќе не мислеше толку лошо за тој ранет волк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тиа, штим-мајсторите на судбината, беа мали, не смееја да ги свртат кон мене валтерите, беретите и колтовите. Навистина можев да здивнам. Привремено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во Федерацијата, најпосле, можеа да здивнат. Во јужната република беше решено најзначајното стратешко прашање на развојот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го намести буклето под тенкиот шупур на кладенчето и отиде кон шумичката да седне под сенка и малку да здивне од горештината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)