да (сврз.) - зрачи (гл.)

Моето трето око почнува да зрачи, црн отров ми го исполнува телото а девојката ми раскажува за сторијата на дрогите и рокенролот. 5.30 Во такси сум заедно со уште три прекрасни девојки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зајдисонцето ме гледа од твоите очи на твојот лик продолжува да зрачи и в мракот што надоаѓа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А што да речеме за зборот, за неговата посебност: изместен од неговото природно место да нема сила за ништо и ставен таму каде што и бог господ не сонувал – да зрачи со сила на вистинска експлозија?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги затворам очите и слободно паѓам во темниот простор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Католичката црква во Скадар ќе доживее долготраен калвер и мачеништво, но никогаш не ќе престане да зрачи со култура, надеж и осветлен пат кон Европа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа чувство ни го потсилуваше и светлината што не престануваше да зрачи од татковата жолта лампа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)