да (сврз.) - избега (гл.)

- Во ред. – се согласи дедо Ѓорќи, преплапен до гола коска, му намигна на Кире, се наведна му дошепна да избега некако дека ќе го чека на излезот од градот кај фурната.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зашто Чанга може да избега со неколку кози и со некој прч, некаде да се скријат, па во друго време козите да се размножат и повторно да се вратат во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не може да избега, да не се издаде. Неговото издавање се повторува, некаде поотворено, некаде подзатскриено.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Залегнатата клица, заразата на еден живот на судири и амбиции од кој бегав и навистина сакав да избегам, се опираше во мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таму каде што претходно живеевме вриеше од оние плочести, темни, влакнести лебарки, молневито брзи, а сепак сосема добро видливи кога исплашени од кујнското светло исчезнуваат меѓу подните штици и низ пукнатините на подот; во оставата една речиси дури ја бев фатила со прсти пред да избега фрлајќи преку скробот сенка, слика на исплашеност во мојата рака.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа се случи и во една од стоковните куќи на „Призуник“ на „Пагал“, каде што една од сомнителните жени беше фатена во кражба по штандовите при обидот да избега.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Всушност тоа го одредува основното двоумење: сопственото јас тежнее да се вкорени и отелотвори, па сепак тоа постојано се плаши да пушти корени во телото, бидејќи на тој начин би било изложено на напади и опасности од коишто не би можело да избега.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Размислував изутрина да избегам кај вас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некни морав да избегам од брат ѝ и да се сокријам дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но Толе по својот обичај само нареди побргу да се готви јадењето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го остави северниот крај слободен, не за да го пушти Толета да избега, ами да му го поттера на оние јузбашии, што исто така ноќта ја навртеа војската на дветри стотини метра до селцето и залегнаа на пусија во густите смреки и грмушки од Никулица, Нежилово и Клен за да го дочекаат скриени зад карпите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да избегаш од родниот крај и да се населиш у град во кој владеат педери, курви, арамии, ѓубраџии, перачи на шофершајбни, накази и разноразни сисајкури сигурно има дубока фројдовска причина.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ралфи продолжи да оди, но не верувам дека сакаше да избега. Мислам дека се предаде. Можеби знаеше против што се бориме.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сѐ што им помагаше да заборават и да избегаат, макар и за миг само, од тешката и сурова стварност на аргатскиот живот, тие го примаа со благодарност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
117 Далеку Далеку од вистината Далеку од светот Длабоко во земјата Длабоко во бунарот Доцна е за прашања Доцна е за исправки Денот завршува Денот е последен Доста залажувања Доста неми говори Дојде како сенка Дојде за да избега Држи оган во рацете Држи нескротлив ветар Денес Дел од него исчезнува Сакате да сте искри разиграни над жарот?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сепак, индикацијата ESQUIVONS - “да избегаме мудро и со презир” - ќе ја надмудри таа перверзна привлечност, било да е таа телесна или естетска.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но дали од што се удри при паѓањето, или се престраши да не почне сега и да го тепа, тики се развика божем тој го турнал и за час дворот се наполни со луѓе, а меѓу нив и двајца заптии, па нему не му остана ништо друго туку да избега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во претсмртните ливчиња на отец Мида стои, од збор до збор: „Каде и да застанев, тој ме гледаше, оти беше на сферичната купола, како да е искачен на небото, од каде сѐ се гледа; ме гледаше и како да сакаше да каже: не можеш да се сокриеш, да избегаш, да куртулиш од мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лебот и сирењето ми паднаа од раце, в грло нешто ме стегна, некакви искри ми прелетаа пред очи, се стресов и сакав да заплачам, ама немав солзи, сакав да викнам, ама немав глас, сакав некаде да избегам, ама немав сили...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Колку пати сакав да избегам од класот само да не го слушам тоа толку чисто, толку топло, толку искрено сакано - мајка ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ја фатив за ременот околу вратот, ја извлеков надвор на балконот ѝ удрив две шлаканици по задникот и ја пуштив да избега.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Усплашена - таа скокна на маса, но не успеа да избега: Златко ја држеше цврсто за опашот.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
ФЕЗЛИЕВ: (Со горчина и резигнирано.) Наместо да се залажуваш со тоа, синко, подобро е да избегаш, додека не дошле другите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во миг сакаше да прекине со сѐ. Сакаше да избега некаде далеку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да избегаш, најпосле, од сите оние луѓе, што крадат, што се надлажуваат еден со друг и што се мачат да приграбат што повеќе, за себе како во животов да не постоеше ништо друго, освен тоа приграбување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакаше да избега од нив, го стори тоа сам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа уште веднаш, како изненадено, се обиде да се врати назад, да избега во снегот, но тој веќе ја имаше затворено вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше само дека никој не ќе може да го измени тоа; а за својот живот мислеше дека е проклетство, но негово, проклетство, за кое беше создаден и тој и неговото тело, од кое никогаш не се ни обишол да избега, а сигурно и не ќе можел да го стори тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што бара од него Глигор? Да учествува и да му помогне во неговите подготовки да избега од затворот. Да учествува лежејќи на одарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сувата миризба на правлива волна му ги суши и стега градите и му се сака да избега надвор на отворено каде што има воздух и ширина за погледот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поскоро да избега од тоа жестоко чувство дека е виновник и изневерник.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не е способен веќе да избега од потполната очаеност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- За полесно да бега, вели Огнен Ѓорго и примижува со очите. И за полесно да избега, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Напред! Од овој збор никако да избегаш, да се оддалечиш...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На едно дрво се ниша сува гранка од едно уплашено врапче што стои како шикла и не знае кон кај да летне, кај да избега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не кажа, вели, ни кај ќе бега, ни од кого бега, ни дали ќе може да избега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само под вода можеш да избегаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакаше да избега, џенем да фати, ама го зграпчив за рака и го повлеков. Потоа се покори и шмрк-шмрк... шмрк-шмрк, по мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го влечам а тој се грчи божем со секира ќе замавнам на него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ПОП ЈАНЧЕ: И ние донесовме решение да избегаш по Илија. Се согласуваш ли?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Отплеткувајќи ја полека својата приказна, таа раскажала дека се омажила млада за да избега од дом полн со алкохолизам и вербални малтретирања.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во човекот почива, тврди тој, една моќ на раскинување: тој може да се изземе од својот контекст, да избега од националната сфера, да зборува, мисли, создава без веднаш да го посведочува тоталитетот од кој еманира.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И да можев да избегам, не ќе го сторев тоа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Истата пролет, некои деца од домот „Напредок“ од некој сличен дом, што успеале да избегаат, кога стигнаа во градот и кога чуле за нашиот дом, без премислување летнале да се вратат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Бидејќи му немаше спас, постојано, кутриот, се надеваше да избега: се надеваше еден ден некој од клучарите да ја заборави да ја заклуча вратата од самицата, да ја остави отворена...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но тогаш, во таа ноќ, на Отец Симеон уште ангели му пееја над глава. „Добро утро“, се насмевна човекот, Отец Симеон се сврте кон него и го остави адвентистот да избега, да го однесе со себе своето ненадејно штукање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не пиев. Бегав од себе за да избегам и од него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најпосле се најдоа лице в лице и изгледаше дека негова единствена желба е да избега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Малкумина успеале да дојдат до брегот на морето и со чамци да избегаат и тие биле сведоци на она што станало.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Па и да се искуба некак, да избегам, дали не ќе ме проколат тиа шо ќе дојдат?“ — се прашуваше Крсте и сам си одговараше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Бај Шишко смета дека претходна локација на селото е Новосељ оти само од тука,вели, може бишка да избега преку Пеква Капина и Рамнинката до Главито.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тогаш, во Татковата свест се роди идејата да избега што побргу, со семејството, небаре следејќи го патот на јагулите до Америка и назад, преку потомците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Веслајте кроце, да не биде премногу кратка средбата со убавото да не би да избегам од себеси, заврзете ме - имаме што да си кажеме јас, Сцила и Харибда! ..............................
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Трајче почна да размислува: „Кога би можел некако да избегам? Ама како? Стражарот да заспие... Но вратата е заклучена, прозорчето високо...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А јас би сакал да слезам од овие ѕидишта по славејот што клука под стреата по шумот на водите по ластарот на лозите зашто уште копнежот клука и времето ме јаде да слезам да истрчам да избегам во просторот во просторот зрачен потопол од сето време.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
ТЕОДОС: Кумашинците! Кој ѓавол бараат?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Уште борч... (Пак станува, гледа.) Ќе ја свршиме, не е лозјето зајак да избега... (Се слушаат свирки од далеку.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Преку априоризам на хаотичното сетилно спознание и естетската перцепција или аперцепција на целокупната хабитација ја рехабилитирав само-целта на животот и од мноштвото про форми, односи, супстанции, модуси, комуникации за да избегам од загушливоста и монотонијата на секојдневието, избрав имагинарни слики-еквиваленти на стварноста која ја грабев за себе како совршена уметност за себе-вообличување, во несовршените материјални форми што ме опкружуваат и постојат во медиумите (средините) на реалноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Жената има секогаш нешто за чистење, па мораш некаде да избегаш, да се подзакриеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кон кај да избегаме, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само и само да избегам од ова сметилиште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Душата веќе му лета, ко ластовица под кубето, но не може без него да избега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како не излезе некој волк, ќе си велам, да ја лапне, да ја скине, и, сосе неа, да избега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не знам кај да избегам и како да му се опулам на Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Знаете, јас ве помешав со некого. Немав намера да ве повредам ниту да избегам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Беше си се замислил за сето што го преживеа последниве денови, а во душата го копкаше мисла за својата грешка што го застави да избега од домот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Значеа ли дека ибн Тајко, длабоко одвнатре, сака само едно: да избега одовде, да се витоса во некој друг, поубав свет?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но, како да избега? При сите овие стражи по мостовите и по патиштата?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)