да (сврз.) - извика (гл.)

Мече сакаше да извика, но глас го издаде ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Знаат да извикуваат пароли, да јадат, патем да лежат под сенка и да си ги одржуваат чисти војничките униформи. Во Прењес сите се плашат од падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Само златото може да не потемни со векови“ - си помисли Бојан, па држејќи го предметот в рака, се исправи, ја крена главата, напнат да извика, но в миг некаква нејасна мисла, некаква непозната желба го запре.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Уште кога го видов снегот на Алилово сиот искрвавен ми дојде да извикам Крвави Водици, но за да не ги исплашам луѓето си премолчив, вели Максим гласно и не свртувајќи се назад, спрема Лазора и спрема другите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Животната рутина не беше повеќе неподнослива, немаше повеќе потреба да му го покажува јазикот на телекранот или да извикува пцости на сет глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го обзеде речиси несовладлив напад да извикува валкани зборови на сет глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога тоа најпосле ќе му се случи, треба да извика: Шуга, а допреното дете трга да лови други деца.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мече сакаше да извика, но глас го издаде.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)