да (сврз.) - израсне (гл.)

Цел живот копнеев да воспоставам едно рамновесие низ љубовта да израснува јазикот на мојот народ како надеж, како вера дека она што доаѓа е вистинското по кое копнееле оние кои како единствено наследство ни го оставиле - јазикот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
V Господи Од пепелва на моево царство Народи мажи и сиромаштија. Прилега ним да им принесеш барем камен Со него да се хранат и да израснат Високо високо До откај почнува да се симиња Царството твое надолу Од тамо да го здогледаат Своето кој знае кое колено Што им недостасува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Врз сите неба небо Од твојата маштина направи На него Непокор да израсне.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Цел живот копнеев песната да се сврти само кон љубовта. И кон страдањата, се разбира.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)