да (сврз.) - исчезнува (гл.)

Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А Венеција и понатаму нека потонува приспивно. Некој мора и да исчезнува бавно. ***
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Секаде наоколу, меѓу урнатините, се пластеше магла, но сега во седум часот со новата виделина таа почна да исчезнува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)