да (сврз.) - кладе (гл.)

- Леле, да кладам уште една цепанка - огнот да не згасне.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Запаливме огнови. Над нив дружината спрема овнови десет да кладе.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тоа дојде до таква степен што Русите сакаа да кладат крст на своето понатамошно занесување и ослободување на Словените на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бидејќи клупите беа зафатени, требаше Крсте да седне во една со Нешка, но даскалот не беше уште „современ“ да кладе машко и женско во една клупа и тоа јабанџии, ами го скорна брата ѝ на Нешка, Стојана, го кладе таму Крстета, а Стојана го намести во првата до Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)