да (сврз.) - комитува (гл.)

Најдо Акиноски, кој им беше син на закланите Михаила и Трајанка Акиноски и кој зашто беше посветен од Организацијата и излезен да комитува па остана незаклан, си подигна куќа на североисточните падини на Горник, веднаш над старата Дамческа куќа, над онаа во која, по делењето, останаа да живеат Дамчевци Џаџовци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најстар од нив беше Крсте Младенов, речиси му беше врсник на братучедот Најда Махаилов, и затоа заедно со него посветен во работата на Организацијата и заедно со него излезен да комитува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
18. Мулазимот го извести пашата, мудурот го извести кајмакамот и пак се собраа двајца големци да размислат како да го уништат овој царски непријател.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Бојко ги имаше сите оние својства, и душевни и физички, за на сила да одговори со сила. И тргна да комитува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)