да (сврз.) - кружи (гл.)

Бори се. Пушти ги очекувањата да кружат наоколу како најнов трач, додека не им се слоши од вртењето во глава.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
II Не бој ми се, море! Врз твојата синина остана птица да кружи Змија се веде на твојот брег И даб, Кора од ветришта црна, храбри Ќе има век, Над сите векови ќе има век!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Не ќе те доцеди ништо: - под твоето дно - уште едно дно; - врз твојата синина остана птица да кружи - змија се веде на твојот брег и даб, кора од ветришта црна, вести: над сите невекови век, полкови матии непогуби!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Јас, на пример, морав да кружам наоколу со месеци, а можеби и некоја година згора за да наидам на една од личностите што била заточена во безднава во далечните времиња на османлиското ропство по наредба на тогашниот скопски бег и кадија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На небото што пред квечерина гори во пурпур, стрвниците не престануваат да кружат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)