да (сврз.) - лаже (гл.)

— Не џанум. Ако има некого да лажа, ќе лажа јабанџии, не вас, моите родители. Ич за тоа гајле не берите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се мразам и воздухот кога го вдишувам се мразам што сеуште бесплатно пишувам се мразам што не знам да лажам доволно се мразам што сум ко тврдоглаво животно
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Се чуствував уморен од луѓето и светот од сиот простотилак и живот багажен од сите пријатели што ги имав алкохолот најмалку знаеше да лаже Неколку часа по полноќ пијан се отргнав лесно од лагите и стресот спокојно летав во вечерна тишина после напорниот калакурнички ден
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но за да се исполнат нивните егоистички планови за убава служба, тие се готови да се покажат повеќе Бугари од самите Бугари, да играат улога на бугарски шовинисти, со неа да ги експлоатираат и бугарскиот кнез и интересите на Македонија, и на бугарскиот народ и на европското општествено мислење, со еден збор, да лажат и на десно и на лево, под вид дека исполнуваат некаков патриотски долг, а всушност да добијат служба, власт и популарност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А надвор се кучињата, врачевите, блудниците, крвниците, идолопоклониците и секој кој сака да лаже и лаже...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имало случај, кој ми се изнесува во доверба, кога еден водич - конзерватор, на крајот од кариерата, не можејќи да лаже за статуата кој ја претставувал пред угледна странска делегација, рекол – статуата или јас.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И може секој да лаже, ама очите, спуштените капаци што ја голтнале шминката, а таа не сокрила ниедна од брчките и само кога долго ќе трепнеш, плус со задршка, ќе заличат волшебно Тие и сјајот во нив што некој го изгаснал, исто како ламба во мракот што со плесок на две раце се гаси.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Ги знам, велам, не можам да лажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знам дека читањето на југословенски весници го земаат како антисоветизам, т.е. како доказен материјал за покренување на обвинение, но јас не знам да лажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не знам да лажам, велам, многу му се лутам на татка дека не ми остави лаги.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама не е така, не ќе е така, ќе си речам после, не може да лаже радиото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
25. ГРЕОТА Е ДА ЛАЖЕШ, СРАМОТА Е ДА СЕ ЛАЖЕШ - таков грешник и бесрамник бидува артистот кога ќе игра ролја на некој гасподин важен кому што на овој свет сѐ му е и јасно и чисто...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ни улавите, според него, не биле толку улави да ја наместат главата под чекан на грев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто да лаже кога навистина не знаел ништо?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Срамота е да лажеме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Поповите лажат! Буржујот јас не го познавам. Тој може и да лаже, ама поповите...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ајде, потсетете се и вие, добри мои, на некои свои лаги, па проценете дали ви било потребно да лажете и што се добива со тоа.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сакам да речам дека е големо зло ако некој уште од малечок почнува да лаже.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„А, еве, што да лажам, покрај оние, исплашените смртници“, ми вели тој, „ги имаше и такви кои не залегнуваа во рововите туку пукаа стоејќи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
2. Ги споредувам левата и десната на едната дланка срцето се врти на другата гледа што е ноќ, што ден не можам да лажам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не лажеш, ме прашува Мирковиќ. - Јас сум селанец, господине, велам, и јас не знам да лажам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може да лажеа дека некаде, во некое село го виделе кај го водат врзан со синџири.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)