да (сврз.) - мавта (гл.)

- Излегувајте од овде сите тројца! Да не сум ве видела, говеда едни одвратни! - тетка ми се сврте накај нас и почна да мавта со четката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Обично излегувал надвор и ги отпоздравувал масите кои поминувале под него. DD ЕВ: Тој и сега има балкон. DD ПТ: Да, но од сегашното место, може да го види само приемниот дел. DD ЕВ: Но, тој сѐ уште може да мавта. DD ПТ: Да, а понекогаш е живо како и на Union Square.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога ги виде децата, само почна да мавта со опашката и се обидуваше да му се протне меѓу нозе на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Височество, човек што лета!“ „Што?“ Царот престана да мавта со ладилото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој почна да вика гласно, да мавта со рацете, да се загледува во секоја тревка – и пак никој не свика по него, ниту пак се обиде да му објасни дека и тоа не смее да се прави.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ѓорѓија си купи музика од Дебиси, Равел и Сати и почна да ги слуша многу гласно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)