да (сврз.) - мака (гл.)

Не може кој како сака да мака. Клаваме ред.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наседнаа сите околу штицата и почнаа да земаат од качамакот и да макаат од солта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Подобро човек леб и сол да мака ама децата да си ги има околу себе.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се разгледувам: во гумното е изметено, чисто. Пипер да макаш на него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)