да (сврз.) - мери (гл.)

Ја израмни од едната страна отсечувајќи ја колку што може на крајот, ја посла на душемето, зеде едно парче за урнек од исечените и со него почна да мери и со ножот да бележи каде ќе ја расечува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Лиќо (синот на Видан) почна да ја доградува куќата што ја наследи од татка си, а со тоа му го затвори светлото од куќата на Јаким (синот на Блашко); почнаа да се караат, да се расправаат; селаните не успеаја да ги смират, и започнаа од судот да идат комисии, да гледаат, да мерат, да цртаат, да прават записници и судот донесе одлука Лиќо да го сруши изградениот кат со кој му ја затвора светлината на Јаким.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да видиме, велам, да мериме, до која длабочина сме стигнале. Другите молчат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)